
По повод 34-годинишниот јубилеј од монетарното осамостојување, Народната банка ја истакнува улогата на независниот монетарен систем како клучен столб на економската стабилност.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На 26 април 1992 година беше воведен денарот, со што беа поставени темелите на монетарната независност. Во изминатите децении, институцијата се соочи со сериозни предизвици, но преку внимателни политики изгради стабилен и отпорен систем.
Клучен момент беше воведувањето на стратегијата на стабилен девизен курс во 1995 година и врзувањето на денарот за еврото во 2002 година, што останува главно сидро на стабилноста.
Денарот ја задржа стабилноста и во услови на глобални кризи, при што беа зачувани девизните резерви и стабилноста на банкарскиот систем.
Јубилејот се одбележува во година кога Народната банка слави и 80 години централнобанкарско работење во земјава, потврдувајќи го континуитетот и институционалната зрелост. Институцијата останува фокусирана на ценовната и финансиската стабилност, дигитализацијата и поддршката на економскиот развој.