
Според најновите податоци на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), вредноста на минималната синдикална кошница во април изнесува 68.797 денари, што претставува зголемување од 979 денари во споредба претходниот месец.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во првите четири месеци од годината, минималната кошничка е зголемена за вкупно 3.305 денари.
Според анализите, едно четиричлено семејство во април има најголеми трошоци за храна и пијалаци – 26.085 денари. За образование се потребни 7.192 денари, додека за домување (станарина, струја, вода и греење) се издвојуваат 6.338 денари. Трошоците за облека и обувки достигнуваат 6.129 денари. Дополнително, за рекреација и култура се потребни 5.592 денари, за транспорт 4.961 денар, за угостителски услуги 4.131 денар, за одржување лична и домашна хигиена 2.667 денари, за комуникации 3.417 денари, а за здравствени потреби 1.185 денари.
Од ССМ нагласуваат дека само трошокот за храна и пијалаци е речиси на ниво на минималната плата, што значи дека таа не е доволна ниту за основните потреби. Според нивните пресметки, за покривање на основните животни трошоци на едно семејство се потребни околу 2,6 минимални плати.
Оттаму потсетуваат дека институциите и работодавците не ги прифатиле барањата за зголемување на минималната плата упатени во јануари и март, туку извршиле усогласување со пораст од 1.667 денари, со што минималната плата достигна 26.046 денари.