
„Гебридер Вајс“ го започнува петтото издание на својата меѓународна велосипедска кампања „GWcycles“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Целта на кампањата, како што истакнува компанијата, е заеднички да се поминат еден милион километри и со тоа да се отстранат до десет тони пластичен отпад од реките и крајбрежните области.
Концептот е едноставен - за секој километар поминат со велосипед, Gebrüder Weiss финансира собирање и правилно отстранување на десет грама пластичен отпад.
Како и претходно, иницијативата се спроведува во партнерство со берлинската компанија за животна средина CleanHub.
GWcycles покажува колку е лесно да се поврзе одржливата мобилност со конкретна еколошка акција – километар по километар, вели Франк Хас, директор за стратегија и комуникации на корпоративниот бренд во Gebrüder Weiss.
Учеството е отворено за секого од целиот свет. Поминатите растојанија се следат преку бесплатната апликација Radbonus, која е компатибилна со вообичаените фитнес уреди.
Првите награди се достапни по изминати 50 километри, а сите се направени од рециклирани материјали.