
Македонска берза денеска одбележува јубилеј – 30 години од првиот ден на организирано тргување со хартии од вредност во РС Македонија.
Македонска берза
јубилеј
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Мисија на Берзата е да обезбеди ефикасно, транспарентно и сигурно функционирање на организираниот секундарен пазар на хартии од вредност во Република Македонија, преку перманентно настојување на сите инвеститори да им обезбеди влез, односно излез од финансиските инструменти со кои се тргува на различните берзански пазари по фер пазарна цена, да им помогне на трговските друштва да привлечат нов капитал за финансирање на нивниот развој и да придонесе за градење доверба во македонскиот пазар на хартии од вредност.
Основачкото Собрание на Македонска берза е одржано на 13 септември 1995 година, а на 28 март 1996 година, во земјава за прв пат заѕвони берзанското ѕвоно и се одржа првиот ден на тргување на Берзата. Почетокот на работата на Берзата го означи тогашниот Претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. На Берзата се тргуваше два пати во неделата, во вторник и во четврток.
На 16 октомври 1996 година, Македонска берза беше примена како полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи. Во историјата ќе остане запишано дека Македонска берза ја основале 19 правни лица, од кои 13 банки, 3 осигурителни друштва и 3 штедилници.