
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
| | |
| Зад секој бренд стои уникатна приказна со која на потрошувачот треба да му се овозможи уникатно доживување. Во категоријата козметика тоа доживување може да се постигне преку визуелната комуникација која ќе ги пренесе специфичностите на производот. | |
| Втората по ред интерактивна Talk IN business Конференција наменета за категоријата козметика, магазинот InStore ја организираше во соработка со Стопанската комора на Македонија, „Ипсос", Интернет-академијата Clear view и со „Медиана". На неа присуствуваа претставници од: „дм дрогерие маркт", „Даути комерц", „Алкалоид", „Нелт СТ", „Рептил", „Гранап", „Данаи фарм", „Бизнис хаус", „Реплек фарм", „АВТ-интернатионал", „Атлантик трејд", „Тинекс", „Кола", Clear view, Стопанска комора на Македонија, „Медиана" и „Ипсос". | |
| |
| Корисниците, денес, бараат многу повеќе внимание, тие се покомплексни и сакаат достапност до производот 24 часа, секој ден во неделата. Комплексноста на денешните потрошувачи бара соодветна интеракција. |
| |
| Средствата за лична хигиена најмногу се купуваат во локалните маркети – 17 отсто, додека во Словенија најмногу се купуваат во дрогериите – 52 отсто. |
| | Секој производ има свој идеален потрошувач. Истражувањата се основа за паметно насочување кон идеалниот потрошувач и кон каналот каде е најдобро да се рекламира брендот. |