
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Управата на „Шпар АГ“ го именува Волфганг Ајгнер за нов генерален директор на регионалниот центар на „Шпар“ за Тирол и Салцбург, а функцијата ќе ја преземе на 1 ноември 2026 година.
Патриција Сепетавц, која ја извршуваше оваа функција пет и пол години, заминува на породилно отсуство.
Ајгнер, кој потекнува од Тирол, од 2007 година работи во „Шпар Тирол/Салцбург“ на различни функции и одговорни раководни позиции, благодарение на што стекнал големо искуство и одличен увид во целокупното работење на регионалниот центар на „Шпар“, наведуваат од компанијата.
Центарот на „Шпар“ во Вергл претставува регионален големопродажен центар за сојузните покраини Северен Тирол и Салцбург. Во рамките на комплексот се наоѓа и голем погон на Tann за производство на месо и месни преработки, како и пекарница на Interspar.
Од Вергл се снабдуваат околу 240 продавници на Spar, Eurospar, Interspar и Maximarkt во Тирол и Салцбург. На ова подрачје работат повеќе од 10.000 вработени, од кои 5.500 се поврзани со централата во Вергл.