
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Хрватскиот трговски синџир „Студенац“ влезе во предстечајна постапка, откако Трговскиот суд во Сплит на 29 септември донесе решение со кое се отвора процес на финансиско и оперативно реструктурирање на компанијата.
Од „Студенац“ соопштија дека целта на постапката е да се постигне одржлив договор со банките, добавувачите и другите доверители, да се стабилизира снабдувањето и да се обезбедат услови за продолжување на работењето. Продавниците засега продолжуваат со работа.
Компанијата во изминатите години бележеше исклучително брза експанзија. Од нешто повеќе од 380 продавници во 2018 година, мрежата порасна на повеќе од 1.300 продажни места, со повеќе од 7.000 вработени. Пазарниот удел на „Студенац“ во Хрватска во истиот период се зголеми од околу 3,5 на 7,5 отсто.
Брзиот раст, кој во значителен дел беше финансиран со задолжување, сепак создаде силен притисок врз ликвидноста. Според документацијата доставена до судот, „Студенац“ има повеќе од 286 милиони евра меѓународно финансирање, како и дополнителни 108,5 милиони евра преку револвинг-кредити, факторинг и банкарски гаранции. На 23 септември компанијата имала 60,6 милиони евра обврски кон добавувачите, а на банкарските сметки располагала со околу 10 милиони евра.
„Студенац“ во 2025 година остварил приходи од околу 854 милиони евра, но деловните резултати биле под очекувањата. Од компанијата како фактори ги посочуваат растот на минималната плата, ограничувањето на цените, бојкотот на продавниците, инфлаторните притисоци и промените во однесувањето на потрошувачите. Истовремено, компанијата не успеала да обезбеди продолжување на дел од краткорочното финансирање, што дополнително го зголемило притисокот врз ликвидноста.
Затворање на 170 продавници
Процесот на оптимизација на продажната мрежа започнал уште во последниот квартал од 2025 година, при што било планирано затворање на 170 продавници, од кои најголемиот дел веќе се затворени. Од „Студенац“ нагласуваат дека станува збор за затворање на непрофитабилни локации и дека процесот започнал пред актуелната предстечајна постапка.
Со затворањето биле опфатени околу 400 вработени, но најголемиот дел биле прераспределени во други продавници на синџирот.
Промена и на врвот на компанијата
Во екот на реструктурирањето дојде и до промена на раководството. Надзорниот одбор го именуваше Тео Вујчиќ за нов претседател на Управата, на местото на Михал Сенчук, кој ја напушта компанијата по осум години.
Вујчиќ ќе биде одговорен за работењето и стратегијата на компанијата, вклучувајќи го финансиското и трошочното реструктурирање. Од Надзорниот одбор истакнуваат дека неговото искуство во реструктурирање на малопродажни компании е особено важно во актуелната фаза низ која минува „Студенац“.
Предстечајната постапка треба да овозможи „Студенац“ во структуриран процес да постигне договор со доверителите и да ја стабилизира ликвидноста, додека продавниците продолжуваат со редовно работење.