
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Според податоците на Заводот за статистика, годишната инфлација во Словенија во септември забрза на 3,3%, откако во август изнесуваше 3%. Растот пред сè беше поттикнат од повисоките цени во групата домување, вода, електрична енергија, гас и други горива. Во споредба со август, потрошувачките цени беа пониски за 0,1%, пренесува агенцијата STA.
Поскапувањата во групата домување, вода, електрична енергија, гас и други горива од 8,8% придонесоа за септемвриската инфлација со 1,1 процентен поен, соопшти Заводот за статистика.
Следуваа повисоките цени во групата транспорт, кои пораснаа за 6,3% и придонесоа за инфлацијата со еден процентен поен. Дополнителни 0,4 процентни поени донесе растот на цените во групата рекреација, спорт и култура од 3,8%, додека поскапувањето на алкохолните пијалаци и тутунот од 4,9% придонесе со 0,3 процентни поени.
Услугите на годишно ниво во просек поскапеа за 4,1%, а стоките за 2,9%. Стоките за секојдневна потрошувачка беа поскапи за 4,5%, а полутрајните стоки за 0,8%, додека цените на трајните стоки се намалија за 1,5%.
На месечно ниво, статистичарите забележаа дефлација од 0,1%. Како што наведоа, со завршувањето на летната туристичка сезона цените на туристичките аранжмани се намалија за 15,6%, што најмногу придонесе за дефлацијата, со 0,8 процентни поени.
Со по 0,1 процентен поен за месечниот пад на цените придонесоа и поевтинувањето на услугите за сместување за 5,3% и на автомобилите за 1,6%.
Од друга страна, поради завршувањето на летните распродажби и преминувањето кон есенско-зимската колекција, цените на облеката пораснаа за 12,2%, со што дефлацијата беше ублажена за 0,5 процентни поени.
Меѓу поскапувањата, со 0,2 процентни поени придонесоа и за 3,7% повисоките цени на горивата и мазивата за патничките возила, додека со по 0,1 процентен поен придонесоа повисоките цени на течните горива за 5,2%, како и поскапувањата во мензите и објектите за брза храна за 5,4%.
Годишниот раст на цените, мерен според хармонизираниот индекс на потрошувачките цени, во септември изнесуваше 3,7%, додека пред една година беше 2,7%. На месечно ниво цените пораснаа за 0,3%.
Цените на услугите на годишно ниво во просек беа повисоки за 4%, а цените на стоките за 3,4%. Стоките за секојдневна потрошувачка поскапеа за 5,4%, а полутрајните стоки за 1%, додека трајните стоки поевтинија за 1,7%, соопшти Заводот за статистика.