
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Салинг Груп“ (Salling Group) го презема „Прошоп“ (Proshop), една од водечките онлајн платформи во Скандинавија, со што ја зајакнува својата позиција во сегментите на електроника, гејминг, производи за домаќинството и други производи за широка потрошувачка.
Со оваа аквизиција, „Салинг Груп“ реализира два клучни приоритета од својата стратегија Aspire ’28 и амбицијата да изгради повеќе силни пазарни позиции. Тоа вклучува спроведување уште една значајна аквизиција, како и подигнување на дигиталната и онлајн трговијата на повисоко ниво, се наведува во соопштението на компанијата.
Трансакцијата ѝ овозможува на групацијата пристап до силни компетенции во областа на е-трговијата, технологијата и логистиката. Сето тоа ја поддржува амбицијата на групацијата да го направи онлајн купувањето поедноставно и уште попривлечно, изјави Андерс Хаг, генерален директор на „Салинг Груп“.
„Купувачите денес во поголема мера од порано купуваат електроника и други производи за широка потрошувачка онлајн, а ние мора да бидеме во можност да им ги понудиме најдобрите цени, најширокиот избор и најбрзата испорака. „Прошоп“ веќе долги години покажува како технологијата, логистиката и познавањето на купувачите можат да се претворат во одлично корисничко искуство. Тоа се компетенции во кои сакаме дополнително да инвестираме и да ги користиме низ целата „Салинг Груп““, изјави Хаг.
„Салинг Груп“ веќе управува со неколку големи платформи за е-трговија, а со преземањето на „Прошоп“ ќе добие деловно присуство на вкупно осум европски пазари и логистичка платформа која се вбројува меѓу најефикасните во индустријата.
„Прошоп“ во текот на повеќе години изградил силна пазарна позиција со доследно ставање на купувачите во центарот на работењето. Компанијата значително инвестирала во автоматизација, дигитални решенија и логистика, со што на купувачите им овозможува пристап до широк асортиман, висока сигурност на испораката и едноставно искуство при купувањето.
„Прошоп“ ќе продолжи да работи како самостојна компанија, врз основа на постојната стратегија, организација и раководство.
Аквизицијата не ги менува постојните планови за дополнителни инвестиции во продавници, технологија, асортиман, логистика и меѓународен развој.
„Она што го направи „Прошоп“ успешен мора да се зачува. Нашата амбиција пред сè е да го поддржиме понатамошниот развој на компанијата, за купувачите и во иднина да имаат висок квалитет, голем избор и ефикасно дигитално купување“, порача Хаг.
Договорот подлежи на одобрување од надлежните регулаторни органи, а се очекува трансакцијата да биде завршена во текот на есента.