
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Капри Сан Груп Холдинг АГ“, со седиште во Швајцарија, соопшти дека Роланд Венинг е разрешен од функцијата извршен директор, како и од сите други должности во компанијата.
Пред да ѝ се приклучи на швајцарската компанија за производство на пијалаци, Венинг извршувал раководни функции во „Монделез Интернешнл“ и „Унилевер“.
„Капри Сан“ не соопшти дополнителни детали за заминувањето на Венинг, ниту го објави неговиот наследник на позицијата извршен директор.
Во следниот период компанијата ќе ја водат постојните раководители и вработени, како и сопственикот Ханс-Петер Вилд. Вилд, кој ја развиваше компанијата во изминатите 50 години и сè уште ја извршува функцијата претседател на Управниот одбор, ќе има поддршка од Ролф Фалегер и другите членови на Управниот одбор.
Фалегер ја започнал својата долгогодишна кариера во „Проктер & Гембл“, по што значителен дел од професионалната кариера поминал во „Линдт & Шпрингли“, каде што бил член на Извршниот одбор на групацијата.