
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Грижата за бездомните животни не завршува со една донација, ниту трае само еден ден во годината. Со желба да им овозможи на луѓето повеќе начини да се вклучат, Premium Pet годинава поврзува две иницијативи со иста цел – што повеќе животни да добијат помош, а што повеќе од нив да добијат можност да го пронајдат својот дом.
По повод Светскиот ден на животните, на 3 и 4 октомври во продавниците на Premium Pet ќе се одржи традиционалната хуманитарна акција „Доброто со добро се враќа“. Механизмот останува едноставен: купувачот избира производ што сака да го донира за напуштените животни, го остава во посебно означена кошница за донации и добива 20% попуст на целата сметка. Собраните производи се наменети за здруженијата кои секојдневно се грижат за напуштени кучиња и мачки.
Акцијата од година во година обединува сè поголем број луѓе. Во април годинава беа собрани рекордни 4,7 тони донации, а целта на Premium Pet е заедно со купувачите овој октомври да ја надмине оваа бројка.
Годинава акцијата добива и нова димензија – корисниците на premiumpet.rs сега можат да им помогнат на животните и здруженијата директно преку онлајн-продавницата. На овој начин можноста за помош повеќе не е ограничена само на физичко доаѓање во продавниците, туку поддршката за здруженијата станува достапна и онлајн.
Покрај помошта преку донации, Premium Pet ја започнува и новата иницијатива „Вдоми“, чија цел е да ја зголеми видливоста на напуштените животни кои го чекаат својот нов дом. Во посебен дел на premiumpet.rs корисниците можат да ги разгледаат огласите за вдомување и да пронајдат животно на кое сакаат да му обезбедат дом, но и да објават оглас за куче или мачка на кои им е потребно вдомување.
Идејата на платформата, како што истакнуваат од компанијата, е на животните кои се наоѓаат во прифатилишта, кај здруженија или привремени згрижувачи да им овозможи уште една можност да бидат забележани и да стигнат до одговорни идни сопственици.
Со новата можност за онлајн-донирање и платформата „Вдоми“, Premium Pet сака да создаде систем за поддршка што ќе трае подолго од една хуманитарна акција.
„Овој октомври правиме уште еден чекор напред во начинот на кој Premium Pet ги поддржува напуштените животни и здруженијата што секојдневно се грижат за нив. Не можеме сите да вдомиме, но сите можеме да помогнеме. Понекогаш тоа е производ што ќе наполни нечиј сад за храна, понекогаш споделување оглас, а понекогаш одлука на едно животно да му обезбедиме дом. Сакаме на луѓето да им понудиме што повеќе едноставни начини да ја направат таа разлика“, порачаа од Premium Pet.