
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Пени“ од 1 октомври има нов генерален директор во Унгарија. Филип Штилер доаѓа од позицијата претседател на Управата за југозападниот регион на „Пени“ во Германија, заменувајќи го на оваа функција Матијас Ментроп.
Штилер има богато искуство во малопродажбата и набавките, а во „Реве Груп“ работи речиси 15 години.
По извршувањето функции во компаниите „Метро АГ“ и „Едека“, на групацијата ѝ се приклучил во 2013 година како директор за управување со категории и набавки.
Од 2015 година продолжил да работи како директор во централната меѓународна организација за набавки на групацијата, а од 2019 година бил одговорен за една од дивизиите во Управата.
Од 2023 година е член на Управата на „Реве Груп Бајинг ГмбХ“, додека од 1 септември 2025 година ја извршувал функцијата претседател на Управата за југозападниот регион на „Пени“ во Германија.
Матијас Ментроп ќе ја продолжи својата кариера во рамките на синџирот „Пени“ како генерален директор на подружницата во Чешка.
„Ми беше чест да го водам тимот на „Пени Унгарија“ во изминатите три години. Горд сум на она што го постигнавме заедно со колегите: продолживме да ја модернизираме нашата мрежа продавници, ги зајакнавме односите со домашните добавувачи и посветено работевме на подобрување на искуството на купувачите. Уверен сум дека компанијата ќе биде во најдобри раце под водство на Филип Штилер, кој со своето богато меѓународно искуство ќе отвори ново успешно поглавје во историјата на „Пени“ во Унгарија“, изјави Матијас Ментроп.
„Од Матијас Ментроп преземам компанија која се наоѓа во силна позиција, што претставува одлична почетна основа за следната фаза на раст. Повеќе од две децении работам во малопродажбата, а во тој период стекнав значително искуство во рамките на групацијата во областите на меѓународните набавки и развојот на регионалната мрежа. Сега сакам тоа искуство да го искористам во корист на работењето во Унгарија“, истакна Филип Штилер.
Тој додаде дека неговата цел е дополнително да ја зајакне пазарната позиција на „Пени“ во Унгарија, за синџирот да стане прв избор за купувачите низ целата земја, истовремено продолжувајќи со развојот на односите со домашните добавувачи.