
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Меѓународната малопродажна групација Ahold Delhaize вчера одржа вонредно собрание на акционери, на кое беше одобрено назначувањето на Тјери Гарние за иден претседател и главен извршен директор.
Гарние, кој претходно ја водеше британската групација „Кингфишер“, ќе го наследи Франс Мулер во текот на 2027 година. Точниот датум допрва ќе биде утврден.
Акционерите ги потврдија и назначувањата на Клер Петерс за извршна директорка на американските операции и Маргарет Верстеден-ван Дујн за извршна директорка на Европа и Индонезија. Во Надзорниот одбор влегува и Едмонд Месробијан, менаџер со искуство во технологијата и дигитализацијата.