
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Нестле“ и НБА започнуваат ново повеќегодишно меѓународно маркетиншко партнерство, со кое брендовите Milo, Nescau и Nesquik стануваат официјални партнери на НБА-лигата.
Договорот опфаќа 21 пазар на четири континенти и има цел да ги ангажира навивачите и да ги поттикне младите ширум светот да се занимаваат со кошарка, се наведува во соопштението на компанијата.
Како што се истакнува, ова е најголемата меѓународна соработка со брендови во историјата на „Нестле“. Партнерството ја одразува стратегијата на компанијата да се фокусира на помал број големи глобални маркетиншки платформи, кои можат доследно да се активираат на различни пазари, истовремено задржувајќи ја локалната релевантност.
Соработката официјално започнува на 1 јануари 2027 година.
Во рамките на партнерството, „Нестле“ и НБА ќе продолжат да ја развиваат заедничката посветеност на вклучувањето на младите во спортот, создавајќи нови можности за младите и семејствата да се поврзат со кошарката.
Активностите ќе опфатат одбрани програми на НБА за развој на младинската кошарка, како и платформи како Jr. NBA/Jr. WNBA, NBA Basketball School, Jr. NBA/Jr. WNBA Coaches Academies, Her Time To Play и NBA 3X.
Соработката ќе се прошири и на одредени настани на НБА и платформи за ангажирање на навивачите, вклучувајќи ги NBA Global Games и NBA House.
„Нашите брендови со децении веруваат во моќта на спортот да го извлече најдоброто од луѓето. Преку спортските програми на брендовите Milo и Nescau, како и преку партнерствата со спортисти и иницијативите на брендот Nesquik, видовме како спортот може да ги мотивира луѓето, да ја изгради самодовербата и да развие здрави навики. Заедно со НБА ќе ја искористиме моќта на кошарката за да се поврземе со голем број потрошувачи, да создадеме искуства приспособени на локалните пазари и да инспирираме повеќе млади и семејства да бидат активни и да уживаат во играта“, изјави Либерато Мило, виш потпретседател и директор на Стратешката деловна единица за кондиторски производи и грицки во „Нестле“.
Партнерството ќе вклучува и малопродажни промоции и посебни искуства за навивачите на локалните пазари, меѓу кои и промотивни активности на амбалажата со ознаки на НБА.
Потрошувачите ќе имаат можност да освојат билети за натпревари од НБА, промотивни производи и други награди.
„Нестле“ е еден од најпрепознатливите брендови во светот и има долгогодишна поврзаност со потрошувачите ширум планетата. Со нетрпение очекуваме да го искористиме глобалниот досег на компанијата и нејзиното силно присуство на локалните пазари за да се поврземе со навивачите на нови начини и да го поддржиме понатамошниот раст на кошарката ширум светот“, изјави Џули Морис, виша потпретседателка на НБА за комерцијален развој и медиуми.
Партнерството ќе биде активно на пазарите во Австралија, Бразил, Канада, Колумбија, Франција, Германија, Гана, Италија, Индонезија, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Нигерија, Сингапур, Шпанија, Тајланд, Турција, Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави и Виетнам.
Филипините ќе се приклучат на програмата од октомври 2027 година.