
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Додека белгиската федерална влада разгледува ревизија на буџетот и ги анализира стапките на данокот на додадена вредност (ДДВ), „Лидл“ повикува на целосно укинување на ДДВ за свежото овошје и зеленчук. Овие производи моментално подлежат на даночна стапка од 6%, а според трговскиот синџир, таа треба да се намали на 0%.
Според компанијата, ваквата мерка би ги направила свежите производи финансиски подостапни и истовремено би поттикнала поздрави навики во исхраната.
За „Лидл“, укинувањето на ДДВ за овие производи не треба да се разгледува како обичен буџетски трошок, туку како стратешка инвестиција заснована на три столба: овозможување финансиски достапна здрава исхрана, поддршка на домашното производство и превенција на здравствените ризици.
Од трговскиот синџир истакнуваат дека бараат здравјето да добие соодветно место во преговорите за даночната реформа.
Со ослободување на основните прехранбени производи од ДДВ, државата би овозможила нивна поголема достапност.
Според компанијата, ваквата иницијатива во период на буџетски ограничувања би испратила силна порака дека активностите на властите не се сведуваат само на намалување на трошоците, туку и на насочени инвестиции во благосостојбата и здравјето на населението.
Ефектите од ваквата мерка врз навиките за купување „Лидл“ веќе ги забележал во Данска.
Во текот на 2024 година, компанијата привремено ги намалила цените на овошјето и зеленчукот, преземајќи го на свој товар износот што одговара на ДДВ.
Резултатот бил раст на продажбата од повеќе од 10% за време на акцијата, што, според компанијата, покажува дека потрошувачите позитивно реагираат на финансиските поттикнувања поврзани со поздравата исхрана.
Даночната стапка од 0% денес е составен дел од договорот на данската влада.