
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Нестле“ го продаде британскиот бренд за комплети со рецепти SimplyCook на компанијата „Џардокс“, добавувач на состојки, зачини и решенија за подобрување на вкусот во прехранбената индустрија, пренесува FoodBev.
Од „Нестле“ истакнаа дека продажбата е во согласност со стратегијата на компанијата за поедноставување на работењето, со цел да се поттикне идниот раст.
Компанијата SimplyCook е основана во Лондон во 2014 година од Оли Ашнес. Брендот е специјализиран за однапред дозирани мешавини од зачини и рецепти кои им овозможуваат на потрошувачите поедноставна подготовка на оброци во домашни услови.
„Нестле“ го купи SimplyCook во февруари 2021 година, за сума што тогаш не беше објавена, со што го прошири своето портфолио во сегментот на директна продажба на потрошувачите.
Со оваа аквизиција, SimplyCook преминува во сопственост на „Џардокс“, етаблиран добавувач на состојки, зачини и решенија за подобрување на вкусот наменети за прехранбената индустрија.
Финансиските детали од договорот не се објавени.