
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Фуд Лајон“, американски малопродажен бренд на компанијата „Ахолд Делез“, објави дека постигнал договор со „Вин-Дикси Компани“ за купување пет продавници на „Вин-Дикси“ во јужниот дел на американската сојузна држава Џорџија.
Со оваа трансакција, „Фуд Лајон“ дополнително ќе ги зајакне своите капацитети за да им понуди на поголем број потрошувачи свежо овошје и зеленчук, квалитетно месо, готови јадења и секојдневни намирници по пристапни цени, се наведува во соопштението на компанијата.
„Со додавањето на овие продавници ќе можеме да обезбедиме квалитетна храна за уште поголем број семејства низ Џорџија. Тоа е суштината на она што го претставува „Фуд Лајон“. Растот што го остваруваме ни дава силен поттик во пресрет на 2027 година. Секоја нова продавница ја проширува нашата мрежа и дополнително го зајакнува нашето присуство во градовите и заедниците што ги опслужуваме, овозможувајќи им на вработените да им понудат на купувачите едноставно и пристапно искуство при пазарувањето, по кое „Фуд Лајон“ е препознатлив“, изјави Грег Финчам, претседател на брендот „Фуд Лајон“.
„Фуд Лајон“ претходно планираше да отвори десет нови продавници до крајот на 2026 година, но со оваа аквизиција ќе го надмине планот и ќе ја заврши годината со вкупно 15 нови продавници.
Компанијата очекува да вработи околу 375 нови работници во петте нови продажни објекти.
Продавниците ќе продолжат да работат под брендот „Вин-Дикси“ до завршувањето на трансакцијата и исполнувањето на сите вообичаени услови за купопродажбата. Потоа, „Фуд Лајон“ планира да ги преуреди и повторно да ги отвори кон средината на декември.
На купувачите ќе им бидат достапни нов распоред на продажниот простор, проширен асортиман, како и услуги за подигнување на нарачките и домашна достава преку платформата Food Lion To Go.
Трговскиот синџир, исто така, во секоја нова продавница ќе поддржува програми за борба против гладот и ќе соработува со банки за храна и локални организации, со цел семејствата на кои им е потребна помош да имаат пристап до квалитетни прехранбени производи.
Преку својата програма Food Lion Feeds, компанијата од 2014 година досега донирала повеќе од 1,5 милијарди оброци, а поставила цел до 2032 година вкупниот број донирани оброци да достигне три милијарди.