
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На меѓународниот натпревар Global Water Drinks Awards 2026, Маyа беше прогласена за најдобра природна минерална вода во светот, освојувајќи ја титулата Best Natural Still Water in the World.
Победниците ги одлучи меѓународно стручно жири, меѓу чии членови беа познатите сомелиери за вода Рурико Сузуки (Јапонија) и Артур фон Визенбергер (САД), заедно со други истакнати меѓународни експерти. Церемонијата на доделување награди се одржа во Барселона како дел од Глобалниот конгрес за вода, меѓународен собир на водечки експерти и компании од водната индустрија.
Како што истакнуваат од компанијата „МЛ-Гари“, Маya е природна минерална планинска вода, препознатлива по високата природна алкалност (pH 8+), со многу ниска содржина на натриум и избалансиран минерален состав. Нејзиното потекло води до планинскиот масив Стогово, областа на Дебар, каде што се црпи од длабок артешки извор во близина на Гари. Токму оваа единствена природна средина ѝ дава на водата посебен карактер.