
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Брендот Milka на компанијата „Монделез Интернешнл“ го проширува своето партнерство со LALIGA, водечката професионална фудбалска лига во Шпанија, на пазарите во Централна Европа.
Соработката се надоврзува на успешното партнерство што веќе постои во Шпанија и Полска и отвора нови можности за љубителите на фудбалот низ регионот.
Проширувањето на овие три пазари ќе им овозможи на партнерите дополнително да ја доближат LALIGA до навивачите низ регионот и да ја зајакнат поврзаноста на брендот Milka со фудбалот.
Оваа експанзија дополнително ја зацврстува соработката меѓу LALIGA и „Монделез Интернешнл“, чии препознатливи брендови имаат силна способност да се поврзат со различни групи потрошувачи.
„Фудбалот и чоколадото имаат една важна заедничка особина – ги зближуваат луѓето. Со проширувањето на договорот со LALIGA создаваме посебни искуства за потрошувачите во Централна Европа, овозможувајќи им да го доживеат фудбалот на начин на кој досега не го понудил ниту еден друг бренд на чоколадо. Сакаме да ги збогатиме моментите во кои уживаат нашите потрошувачи, без разлика дали гледаат фудбалски натпревар со пријателите или уживаат во Milka со своето семејство“, изјави Карел Конечни, директор за маркетинг на „Монделез Интернешнл“ за Чешка, Словачка и Унгарија.
„Проширувањето на овој договор ја одразува силата на нашиот однос со „Монделез Интернешнл“ и довербата што еден толку препознатлив бренд како Milka ја има во LALIGA. Чешка, Унгарија и Словачка претставуваат важни пазари за нашиот раст во Централна Европа, а проширувањето на овие пазари заедно со партнер кој има толку силна емотивна поврзаност со потрошувачите ќе ни овозможи дополнително да го доближиме натпреварувањето до нови навивачи и да создадеме заеднички искуства поврзани со фудбалот“, додаде Хорхе де ла Вега, генерален директор за деловно работење на LALIGA.
По ова проширување, Milka ќе биде официјален спонзор на LALIGA на пет европски пазари: Шпанија, Полска, Чешка, Унгарија и Словачка.