
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Лидл Велика Британија“ ја зајакнува својата понуда на поволни цени во пресрет на божиќната сезона, со инвестиција од 400 милиони фунти (околу 460 милиони евра) во намалување на цените, пишува Grocery Gazette.
Најновата инвестиција следува по успешната година за дисконтерот, кој во финансиската година што заврши на 28 февруари 2026 година забележал раст на прометот од 10,8%, на 13 милијарди фунти (околу 15 милијарди евра). Оперативната добивка пораснала за 9,9%, на 345 милиони фунти (околу 397 милиони евра).
Во текот на претходната финансиска година, трговецот веќе инвестирал 315 милиони фунти (околу 362 милиони евра) во намалување на цените и промотивни активности, вклучувајќи ја и иницијативата Pick of the Week.
Од „Лидл“ соопштуваат дека инвестициите во пониски цени придонеле за зголемување на бројот на купувачи, при што во текот на годината биле забележани дополнителни 43 милиони посети на продавниците. Количината на продадени производи исто така се зголемила за 486 милиони единици, со раст во клучните категории, вклучувајќи свежо месо, живинско месо, овошје и зеленчук.
Дисконтерот се подготвува и за, како што наведува, својата најголема божиќна сезона досега, во која неговата премиум линија Deluxe ќе има значајна улога во празничната понуда.
Продажбата на производите од линијата Deluxe пораснала за 12% во текот на изминатата година, бидејќи купувачите сè почесто избирале поквалитетни производи за домашна употреба, наместо да трошат пари за оброци надвор од домот.
Трговецот веќе ја претставил својата божиќна понуда, која опфаќа празнична храна, подароци и сезонски производи, додека дополнителни промоции се достапни преку апликацијата за лојалност Lidl Plus.
Lidl Plus станува сè поважен дел од стратегијата на компанијата за поволни цени, при што бројот на корисници пораснал за 23% на годишно ниво. Трговецот истовремено ги зголемува инвестициите во персонализирани купони и ја воведува услугата Lidl & Go, која овозможува самостојно скенирање на производите преку мобилен телефон.
Најновата инвестиција во намалување на цените доаѓа во период кога „Лидл“ продолжува да го зголемува својот пазарен удел.
Претходно годинава, компанијата го престигна „Морисонс“ и стана петтиот најголем синџир супермаркети во Велика Британија, а нејзиниот пазарен удел достигнал 8,7% во 12-неделниот период што завршил на 6 септември, според податоците на Worldpanel.
„Лидл“ истовремено ја проширува својата продажна мрежа, со план за отворање повеќе од 50 нови продавници во тековната финансиска година, како дел од пошироката инвестиција од 600 милиони фунти (околу 690 милиони евра) во продавници и инфраструктура.