
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По лансирањето на почетокот на септември во Холандија, онлајн платформата на „Кауфланд“ сега е достапна и во Шпанија. Трговците преку платформата имаат можност да допрат до потенцијални 220 милиони онлајн купувачи во вкупно девет европски земји.
Првите чекори во проширувањето надвор од Германија беа направени во Чешка, Словачка и Полска, каде што „Кауфланд“ веќе беше присутен со физички продавници.
За разлика од нив, Австрија, Франција, Италија, Холандија и Шпанија се пазари на кои компанијата нема физичка малопродажна мрежа.
Со двете најнови проширувања, односот благо се промени во корист на земјите во кои „Кауфланд“ нема физичко присуство.
Вкупно повеќе од 15.000 трговци продаваат преку платформите на „Кауфланд“ низ Европа, а при лансирањето на шпанската платформа се приклучиле повеќе од 3.100 трговци.
„Со нашата понуда претставуваме силен европски одговор на глобалните гиганти во електронската трговија. Kaufland.es уште од самиот почеток функционира како вистинска универзална онлајн платформа за продажба и нуди повеќе од 10 милиони артикли во над 6.400 категории, што претставува совршена основа за одржлив успех“, изјави Гералд Шенбухер, член на Управата на „Кауфланд е-комерц“.
Тој истакна дека купувачите во Шпанија ги очекува исклучително разновидна понуда под фер услови, на платформа заснована на партнерство.
„За трговците ова претставува огромна можност. Благодарение на нашето сеопфатно решение, тие можат да продаваат на шпанскиот пазар со само неколку клика“, додаде Шенбухер.
Шпанија, со промет од околу 38 милијарди евра, е петтиот најголем пазар за електронска трговија во Европа, при што значителен дел од продажбата веќе се реализира преку онлајн платформи.
За германските трговци што сакаат да се прошират на шпанскиот пазар, Kaufland.es нуди значителни можности.
Достапна е и услугата EPR Service by Kaufland, која им овозможува на трговците регистрација на EPR броевите пропишани со шпанското законодавство.
Истовремено, купувачите на платформата Kaufland.de добиваат пристап до поширока понуда благодарение на бројните производи од новите шпански трговци.
„Лансирањето во Холандија беше нашето најуспешно досега, со повеќе од девет милиони производи на платформата. Со Kaufland.es можеме дополнително да ја прошириме оваа понуда и истовремено да ја зголемиме привлечноста за шпанските купувачи, што ќе даде силен поттик и за бројот на посетители и за препознатливоста на брендот“, објасни Шенбухер.
Овој модел претходно веќе се покажал како успешен во Франција, Италија и Австрија.
Платформите Kaufland.fr и Kaufland.it достигнале до еден милион посетители месечно само неколку месеци по лансирањето.
Во Австрија, препознатливоста на брендот од лансирањето на платформата пораснала за 24 процентни поени и достигнала 64%.