
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Карфур“ најави продажба на 35 продавници во Франција и Шпанија на заедничкото вложување на компаниите „Атрато“ и „ГИЦ“, еден од водечките глобални инвеститори, преку моделот на продажба и повратен закуп.
Од компанијата соопштуваат дека трансакцијата е целосно усогласена со стратегијата за создавање вредност и управување со портфолиото на недвижности, дефинирана во планот Carrefour 2030, и дека ќе ѝ овозможи на групацијата да ја реализира вредноста на својот имот.
Портфолиото опфаќа 32 објекти во Франција, вклучувајќи 26 супермаркети Carrefour Market и шест хипермаркети, како и три хипермаркети во Шпанија.
Вкупната нето-вредност на трансакцијата изнесува приближно 290 милиони евра.
„Карфур“ ќе продолжи да управува со сите овие продавници, без прекин во работењето.
Новите договори за закуп предвидуваат почетен период од 12 години, вклучувајќи цврста и неотповиклива обврска за закуп во траење од 10 години, при што се задржува оперативната флексибилност потребна за управување со продавниците.
Од компанијата заклучуваат дека трансакцијата ќе ѝ донесе значителна капитална добивка на групацијата, без материјално значајно влијание врз тековната оперативна добивка.