
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Како што пренесува германскиот весник Merkur, дисконтерот за непрехранбени производи „Коди“, кој подолго време се соочува со тешкотии, поднесе барање за поведување стечајна постапка со самостојно управување.
На почетокот и во средината на септември најпрво беше објавено дека 19 продавници ќе бидат опфатени со бранот затворања. Сега, како што пренесува весникот, „Коди“ соопшти дека дури 43 од преостанатите 144 локации, како и седиштето во Оберхаузен, немаат иднина. Отказ добиле 265 од вкупно 1.200 вработени.
Компанијата „Коди Ритејл ГмбХ“, зад која стои меѓународна група инвеститори, ќе преземе 100 продавници, со што името Kodi ќе биде зачувано. Од „Коди Ханделс ГмбХ“, која е во стечај, се преземени залихите на стоки и друг имот.
Исто така, Окружниот суд во Хале на Зале, во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, отвори стечајна постапка со самостојно управување над „Коди Ханделс ГмбХ“.
Во 43-те продавници на „Коди“ кои се затворени или наскоро ќе бидат затворени, во тек е или веќе била спроведена распродажба. Повеќето од нив веќе се отстранети и од прегледот на продавници на kodi.de, но тој список веројатно сè уште не е целосно ажуриран, објаснил портпаролот на самостојната управа на „Коди“ на прашање од редакцијата на германскиот весник.