
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Ненад Николовски, комерцијален лидер и експерт за комерцијална стратегија и трансформација на бизнисот, со повеќе од 20 години искуство во FMCG-индустријата, ќе биде говорник на 12. FMCG Summit Скопје, кој ќе се одржи на 29 октомври во хотелот „Александар палас“, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
На самитот Николовски ќе зборува на тема „Category Reinvention: Од стандардизиран производ до вредност – создавање нов пораст во FMCG“, со фокус на тоа како категориите можат да се ревитализираат, да се диференцираат и да отворат нови можности за пораст.
Во предавањето ќе бидат опфатени улогата на unique selling proposition, иновациите и новите FMCG-трендови во развојот на постојните и креирањето нови категории. Николовски ќе се осврне и на тоа како компаниите можат да ги препознаат промените во потребите на потрошувачите и пазарот и да ги претворат во конкретна понуда.
Посебен акцент ќе биде ставен на go-to-market стратегиите – од креирањето нова вредност до нејзино успешно позиционирање кај потрошувачот и трговецот. Предавањето ќе понуди практичен поглед кон тоа што е потребно категориите да останат релевантни и да создаваат одржлив пораст во услови на променливи потрошувачки навики и сè поголема потреба од диференцијација.
За говорникот:
Ненад Николовски е основач на AxisCore Consulting и експерт за комерцијална стратегија и трансформација на бизнисот. Кариерата ја започнува во „Дневник“, а во 2001 година се приклучува на P&G, каде што во текот на 18 години извршува раководни функции во продажба, модерна трговија, развој на продажни капацитети, дистрибутерски операции и трејд маркетинг.
Работи на пазари во Македонија, Албанија, Косово, Бугарија и Југоисточна Европа, како и на глобални пазари во развој. По P&G, продолжува како Commercial Director во L’Oréal Србија, а потоа како Chief Executive Officer во Baby Food Factory. Од август 2024 година е Раководител за унапредување на продажните операции во Nelt Group, Србија.
Денес, преку AxisCore Consulting, работи со компании на развој и имплементација на комерцијални стратегии, унапредување на продажните перформанси, развој на дистрибутерски капацитети и business turnaround, со фокус на одржлив пораст и развој на луѓето.
