
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Сеинсберис“ водел преговори со „Морисонс“ за потенцијално спојување вредно повеќе милијарди фунти, но на крајот се повлекол од преговорите, пренесува Grocery Gazette.
Двата трговски синџири започнале прелиминарни разговори меѓу ноември 2025 и февруари годинава, според наводите на Financial Times.
Со трансакцијата би била создадена групација на супермаркети со речиси една четвртина од британскиот пазар на прехранбени производи. Иако разговорите повеќе не се активни, можноста за иден договор не е исклучена.
Со спојувањето на „Сеинсберис“, вториот најголем синџир супермаркети во Велика Британија, и „Морисонс“ би настанала компанија со проценет удел од 23,6% на пазарот на прехранбени производи, во споредба со пазарниот лидер „Теско“, кој има удел од 27,8%.
Трансакцијата би ја обединила мрежата на „Сеинсберис“ од повеќе од 600 супермаркети и околу 900 продавници од помал формат со приближно 500 супермаркети и повеќе од 1.700 продавници од помал формат на „Морисонс“.
Секој евентуален договор би бил предмет на детална контрола од надлежните тела за заштита на конкуренцијата, кои во 2019 година го блокираа предложеното спојување на „Сеинсберис“ и „Асда“, вредно 7,3 милијарди фунти (околу 8,4 милијарди евра), откако заклучија дека трансакцијата би можела да доведе до повисоки цени и намалена конкуренција за купувачите.
Сепак, пазарот на прехранбени производи оттогаш значително се промени. „Алди“ и „Лидл“ продолжија да преземаат пазарен удел од традиционалните супермаркети, при што „Лидл“ годинава го престигна „Морисонс“ и стана петтиот најголем трговец со прехранбени производи во Велика Британија. „Алди“ и „Лидл“ заедно сега учествуваат со 19,3% во продажбата на прехранбени производи, според податоците што ги наведува Financial Times.
„Морисонс“ е во сопственост на американската private equity компанија „Клејтон, Дубилиер & Рајс“ (CD&R) од преземањето во 2021 година. Трансакцијата го остави трговецот со седиште во Брадфорд со голем товар од долгови, кои според наводите на Financial Times по трансакцијата изнесуваат 7,5 милијарди фунти (околу 8,6 милијарди евра).
Како што се наведува, CD&R останува отворен за можноста за спојување на „Морисонс“ со друга голема групација на супермаркети, додека и „Асда“ се споменува како потенцијален учесник во нов бран на консолидација на секторот.