
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Полексена Јанкуловска, Regional Marketing Manager во Imlek Group | Bimilk, ќе биде говорник на 12. FMCG Summit Скопје, кој ќе се одржи на 29 октомври во хотелот „Александар палас“, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Јанкуловска ќе зборува на тема „Од градење брендови до градење бизнис – Новата улога на маркетингот во FMCG“, осврнувајќи се на тоа како маркетингот во FMCG прераснува од функција фокусирана на брендови и категории во функција што има сè поголема улога во развојот на портфолиото, иновациите, освојувањето нови пазари и растот на бизнисот.
Пред 12 години, на првиот FMCG Summit, Јанкуловска зборуваше за Category Captain. Нејзиното враќање на сцената на самитот ќе биде можност за осврт на тоа како во меѓувреме се променија очекувањата од маркетинг-лидерите и како денес се поврзуваат градењето брендови и создавањето деловна вредност.
За говорникот:
Полексена Јанкуловска има повеќе од 15 години искуство во FMCG и млечната индустрија. Во Imlek Group е одговорна за маркетингот на Bimilk во Северна Македонија, како и за маркетинг-стратегиите и развојот на бизнисите во Босна и Херцеговина и во Црна Гора.
Во кариерата работела на стратешко планирање, развој на бизниси, управување со брендови и категории, иновации и интегрирани маркетинг кампањи, меѓу кои и на брендови како Bitolsko, Moja Kravica и Balans+.
