
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Лидл ФранцијАктуела“ го именува Марин Докозиќ за претседател, кој на новата позиција доаѓа на местото на Џон Пол Скали, пренесува Cibuslink.
Скали го презеде раководењето со француската подружница во август 2024 година, а функцијата ја напушта со моментален ефект, по нешто повеќе од две години во кои беше фокусиран на намалување на трошоците и зајакнување на конкурентноста на брендот на особено предизвикувачкиот пазар.
Според наводите на LSA, одлуката била интерно соопштена во доцните претпладневни часови на 18 септември, а потоа ја потврдило раководството на „Лидл“, кое му се заблагодарило на Скали за неговата работа, без да наведе дополнителни детали за причините за промената, која со одредено изненадување била примена и меѓу француските синдикати.
Докозиќ е менаџер со големо искуство во малопродажниот сектор, а најголемиот дел од кариерата го поминал во германскиот дисконтен синџир, на кој му се приклучил во 2002 година. Подоцна извршувал меѓународни функции со сè поголема одговорност, почнувајќи со раководењето на хрватската подружница од 2009 до 2013 година, а потоа работел во Португалија и во матичната компанија во Германија.
Откако раководел со компанијата „Диа“ во Бразил, Докозиќ се вратил во „Лидл“ за да ја преземе одговорноста за работењето во балтичките земји. Во мај 2026 година се приклучил на Управниот одбор на „Лидл Интернешнл“, со што дополнително ја зацврстил својата позиција во рамките на групацијата и го отворил патот кон новата функција во Франција.
Според процените на француските медиуми, „Лидл“ во Франција остварува промет поголем од 17 милиони евра и има мрежа од приближно 1.650 супермаркети. Планот на „Лидл“ предвидува достигнување пазарен удел од 10% до 2030 година и проширување на мрежата на 2.000 супермаркети низ Франција.