
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Едуардо Лопез-Пуертас е именуван за генерален директор на „МЕТРО Кеш & Кери Србија“. На чело на големопродажната компанија во Србија доаѓа од позицијата директор на синџирот на снабдување во „МАКРО Шпанија“, каде што беше и член на Управниот одбор.
Лопез-Пуертас беше дел од „МАКРО Шпанија“ од септември 2022 година. Пред тоа, од 2016 година ја извршуваше функцијата извршен директор на саемот „ИФЕМА Мадрид“.
Во текот на својата богата меѓународна кариера извршувал низа раководни позиции во компании како „ТНТ Експрес“, „Карфур“, „Ројал Карибиан/Пулмантур Крузес“ и „Групо ВИПС“, каде што бил одговорен за операции, логистика, кориснички услуги и други клучни деловни функции.
Богатото професионално искуство, пред сè во областа на операциите и логистиката, ќе придонесе за понатамошниот раст на „МЕТРО“ на српскиот пазар, каде што големопродажната компанија повеќе од 20 години гради партнерства со професионални купувачи од угостителскиот сектор и независните трговци, соопштија од компанијата.
Надир Каџи, досегашниот генерален директор на „МЕТРО“ во Србија, ја презеде истата позиција во „МЕТРО Турција“.