
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Повеќе од половина од раководителите во секторот за човечки ресурси (HR), односно 55%, во текот на изминатата година размислувале да ја напуштат професијата. Како причини ги наведуваат чувството дека нивната работа не е доволно ценета, постојаното работење во кризен режим и професионалното согорување, додека една петтина стравуваат дека ќе бидат заменети со вештачка интелигенција. Уделот на HR професионалци кои велат дека се целосно ангажирани и полни со енергија се намалил од 41% на 30%.
Податоците се од извештајот 2027 State of People Strategy, кој минатиот месец го објави американската компанија „Латис“, производител на софтвер за управување со човечки ресурси, врз основа на истражување спроведено меѓу 1.358 HR професионалци во Европа и Северна Америка.
Притисокот, сепак, не е рамномерно распределен, а истражувањето укажува на нешто што ретко се мери во компаниите, како на глобално ниво, така и особено во регионот.
HR тимовите во организациите што негуваат психолошка сигурност, односно во кои вработените можат да оспорат одлука без страв од последици, дванаесет пати почесто ги надминуваат своите цели и се значително помалку изложени на професионално согорување.
Во компаниите што доследно ги применуваат своите вредности, 89% од вработените се високо ангажирани, наспроти 53% во компаниите каде што тоа не е случај.
„Можете да имате најсовремена инфраструктура, но ако во организацијата грешката не се гледа како можност за учење, туку како причина за страв, не постои технологија што ќе го промени тоа. Овие податоци ја потврдуваат практиката дека организациската култура не се имплементира, туку се гради одлука по одлука“, вели Сања Јевѓенијевиќ, основачка на консултантската компанија „ХР Ексел“.
Дека овој јаз не може да се надмине само со купување нови алатки, покажува истиот извештај. Речиси половина од HR тимовите, односно 47%, наведуваат дека најмалку една набавка на софтвер во последните две години не им се исплатила.
Истовремено, успешните тимови двојно почесто ја бараат причината за неуспешната имплементација во сопствените процеси отколку во самата алатка – 45% наспроти 22%.
„HR алатките не го решаваат отсуството или лошо поставената организациска култура. Кога технологијата се воведува за да ги прикрие нејасните одговорности или лошата внатрешна комуникација, таа само ги прави тие проблеми повидливи и поскапи. Затоа првото прашање никогаш не е кој софтвер или AI агент да се користи, туку која работа треба да се заврши и кој е одговорен за неа“, истакнува Јевѓенијевиќ.
На пазарот во Србија и во регионот, организациската култура може да се мери со примена на методологијата на Barrett Values Centre, глобално признат пристап што се користи во речиси 90 земји.
Оваа методологија ги претвора апстрактните поими, како што се довербата и изгубената енергија, во мерливи показатели. Меѓу нив е и културната ентропија, показател за енергијата што наместо на продуктивна работа се троши на страв, бирократија и внатрешни конфликти.
„Мерењето на организациската култура денес повеќе не е луксуз, туку предуслов технологијата воопшто да ги донесе резултатите што се очекуваат од неа“, заклучува Јевѓенијевиќ.