
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Асоцијацијата на светски трговски центри (WTCA) го објави именувањето на Анет Грег за генерален директор. Грег е првата жена на оваа функција во 57-годишното постоење на здружението.
Како генерален директор, Грег стратешки ќе раководи со WTCA и нејзините тимови ширум светот, во тесна соработка со Управниот одбор и членките за остварување на стратешките и деловните приоритети на здружението. Таа ќе биде и една од клучните претставнички на WTCA во јавноста, со фокус на поактивно вклучување на членките, проширување на глобалната мрежа и создавање нови можности за поврзување на компаниите, пазарите и заедниците преку меѓународната трговија и инвестициите.
„Анет ги обединува стратешката визија, разбирањето на финансиите и способноста за поврзување на клучните чинители ширум светот, што на WTCA ѝ е потребно за иднината. Во текот на кариерата покажа дека знае како да ги зајакне меѓународните организации преку слушање на потребите на нивните членки, создавање конкретна вредност и градење врски меѓу пазарите и културите. Со нејзиното доаѓање на оваа функција и неодамнешното преселување на седиштето на WTCA во One World Trade Center, продолжуваме да ги надградуваме силните темели на здружението и да го подготвуваме за следната фаза на глобален раст и влијание“, изјави Џон Е. Дру, претседател на Управниот одбор на WTCA.
Грег има повеќе од 30 години искуство на раководни позиции во глобални здруженија, приватниот сектор, како и во меѓународната индустрија за деловни настани и угостителство. Пред да се приклучи на WTCA, таа беше генерален директор на Society for Incentive Travel Excellence (SITE), глобално здружение со приближно 3.700 членови и 27 ограноци.
Под нејзино раководство, SITE во период од три години ги зголеми вкупните приходи за 160% преку развој на различни извори на приходи, додека бројот на членови порасна за повеќе од 70%. За нејзината работа во SITE и придонесот во раководењето со индустријата за деловни собири и настани, ја доби наградата Marin Bright Legacy Award за 2026 година, која ѝ беше врачена на свеченото доделување на Smart Women in Meetings Awards.
Претходно беше директорка задолжена за приходи во Meeting Professionals International (MPI), каде што беше одговорна за приближно 70% од приходите на организацијата и придонесе за проширување на глобалната дистрибуција на производите на пазарите во Европа, Азија и Латинска Америка. Во текот на кариерата беше посветена на градење меѓународни заедници, зајакнување на соработката со клучните чинители и претворање на потенцијалот на глобалните мрежи во конкретна вредност за нивните членови.
„WTCA има исклучително силни темели, глобален бренд кој ужива доверба и мрежа на членки тесно поврзани со компаниите и заедниците во речиси 100 земји и територии. Гледам огромна можност да го надградиме тој потенцијал, слушајќи ги потребите на нашите членки, поврзувајќи идеи и можности на различни пазари и пронаоѓајќи нови начини оваа мрежа да создава конкретна деловна вредност. Чест ми е што ќе ја предводам WTCA во следното поглавје од развојот и се радувам на можноста да придонесам за зајакнување на врските што го овозможуваат меѓународното работење“, изјави Грег.
Грег доаѓа на чело на WTCA во момент кога организацијата влегува во нова фаза на развој, поттикната од враќањето на нејзината централна управа на локацијата на Светскиот трговски центар во Долен Менхетен по 25 години, со што е отворено ново поглавје во остварувањето на мисијата „Ги поврзуваме компаниите, глобално“.