InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Пепко“ група ги објави неревидираните привремени резултати за шестмесечниот период кој завршил на 31 март 2026 година, при што компанијата бележи раст на приходите и значително зголемување на добивката.
Во првото полугодие групата остварила приход од 2,5 милијарди евра, што претставува раст од 5% во однос на истиот период лани. Ако се исклучи сегментот FMCG, споредливата продажба пораснала за 3,6%, со што „Пепко“ бележи шести последователен квартал со позитивен раст на продажбата во постојните продавници.
Бруто маржата на групацијата е зголемена за 250 базични поени и достигнала 49,7%, додека коригираната EBITDA пораснала за 17,5% и изнесува 516 милиони евра. Коригираната добивка по оданочување достигнала 198 милиони евра, што е раст од 52,3% во споредба со претходната година.
Основниот бизнис на „Пепко“ остварил раст на приходите од 6%, достигнувајќи 2,3 милијарди евра, додека споредливите приходи без FMCG сегментот се зголемиле за 4,6%.
Од компанијата посочуваат дека работењето на продавниците во Западна Европа продолжува да се подобрува, особено во Иберија и Италија, што претставува основа за нов бран на експанзија. Во периодот од финансиската 2027 до 2030 година планирано е отворање на најмалку 600 нови продавници на постојните пазари во Западна Европа.
Во февруари годинава „Пепко“ лансираше нова мобилна апликација во Полска, која веќе достигнала околу два милиони преземања, додека на програмата за лојалност „Pepco Club“ се приклучиле повеќе од еден милион корисници.
Главниот извршен директор на групацијата, Стефан Борхерт, оцени дека резултатите го потврдуваат обновениот потенцијал на компанијата и нагласи дека, и покрај геополитичката неизвесност, „Пепко“ останува уверена во својата долгорочна стратегија за раст.
Компанијата ги задржа и претходно објавените прогнози за финансиската 2026 година, очекувајќи раст на приходите од 6 до 8 проценти, двоцифрен раст на коригираната EBITDA и раст на коригираната нето добивка од најмалку 50 проценти.