
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Матони 1873“ го именува Иван Чевра за генерален директор на своите организации во Хрватска и Словенија. Чевра ќе го води стратешкото позиционирање на компанијата на двата пазара, на кои „Матони“ од 1 јануари 2027 година ќе биде одговорен за целокупното производство, дистрибуција и продажба на портфолиото на пијалаци на PepsiCo.
Чевра има искуство во раководење со регионални компании, а во текот на кариерата извршувал раководни функции во „Станиќ Бевериџис“, „Јамница плус“ и „Хенкел“.
Неговото именување доаѓа во пресрет на почетокот на работењето на „Матони 1873“ на хрватскиот и словенечкиот пазар. Компаниите на „Матони“ во Хрватска и Словенија од почетокот на 2027 година ќе ја преземат одговорноста за производството, дистрибуцијата и продажбата на портфолиото на пијалаци на PepsiCo на овие пазари.
Со влегувањето во Хрватска и Словенија, „Матони 1873“ дополнително го проширува своето работење. Групацијата моментално работи во Чешка, каде што е и нејзиното седиште, како и во Словачка, Австрија, Унгарија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Заедно со локалните тимови, Чевра ќе биде фокусиран на развојот на работењето во Хрватска и Словенија и градењето долгорочни партнерства со купувачите, вработените и локалните заедници.
„Нашата амбиција е заедно со локалните тимови во Хрватска и Словенија да изградиме силно и одржливо работење. Сакаме да ги поврземе одличната локална експертиза и познавањето на пазарот со искуството на групацијата „Матони 1873“ на пазарите во Централна Европа и Западен Балкан, истовремено потпирајќи се на нашата долгогодишна соработка со глобалните брендови. Верувам дека оваа комбинација создава основа за одржлив раст и долгорочна вредност за нашето работење, партнерите, потрошувачите и индустријата во целина. Се радуваме што заедно со тимовите во Хрватска и Словенија оваа амбиција ќе ја претвориме во резултати“, изјави Чевра.