
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Лидл Словенија“ и „Жито“ собраа 6.000 евра преку продажба на лебот „Розов октомври“ со чиа семе, наменети за набавка на едукативни модели на дојки.
Здружението Europa Donna Slovenija ќе ги користи овие модели за време на работилници и предавања, со цел да го демонстрира правилниот начин на самопреглед на дојките.
Компаниите издвоија дел од приходите од секој продаден леб во текот на октомври во продавниците на „Лидл“ и на продажните места на „Жито“, наменувајќи ги средствата за оваа донација.
Кампањата дополнително беше поддржана со онлајн квиз за самопреглед на дојките, како и со настани организирани пред продавниците на „Лидл“ во Љубљана и Марибор.
Во текот на седумте години заеднички хуманитарни акции, „Лидл Словенија“ и „Жито“ донирале повеќе од 35.000 евра на здружението Europa Donna Slovenija.