
Меѓу најбрзорастечките трендови во Македонија се дигитализацијата и автоматизацијата на логистичките процеси, интеграцијата на ИТ-системи, IoT, блокчејн и апликации за следење во реално време.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Меѓу најбрзорастечките трендови во Македонија се дигитализацијата и автоматизацијата на логистичките процеси, интеграцијата на ИТ-системи, IoT, блокчејн и апликации за следење во реално време.

Пишува: Иван Бошковски, член на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија и менаџер за царински прашања, член на Бордот на директори на „Фершпед“
Логистичката индустрија во Република Северна Македонија (РСМ) е во процес на динамични промени, соочена со неколку важни предизвици и потреба за трансформација.
Динамичниот развој и трансформација главно се детерминирани од логистичките услови во земјата: 1. Поволната геостратешка положба (крстопат меѓу Југоисточна Европа и Блискиот Исток, со два главни транспортни коридори (Коридор 8 и Коридор 10); 2. Патната инфраструктура: главните автопати (А1 и А2) се во релативно добра состојба, но надвор од главните коридори, инфраструктурата е главно застарена и со ограничен капацитет; 3.Железничкиот транспорт: железничката мрежа е недоволно развиена и застарена. Проектите за нејзина модернизација се бавни и соочени со предизвици. Особено товарниот железнички транспорт е некомпетитивен, споредено со патниот; 4.Царинските и административни процедури во последните години бележат напредок во поглед на нивната дигитализација. Сепак, некои царински процедури и активностите на граничните премини се критични точки каде што се јавуваат доцнења и бавен проток на стока; 5.Експанзијата на е-трговијата нужно наметнува приспособување и имплементација на добро развиени, брзи и евтини last-mile решенија.
Состојба на логистичките компании во земјава, во 2025 година
1. Инфраструктура
Анализата на состојбата на логистичкиот сектор во Македонија покажува дека индустријата е во фаза на побрз развој, но се соочува со значителни предизвици и неопходни корекции на неколку клучни полиња: инфраструктура, законска рамка, човечки ресурси и технолошки капацитети.
Компаниите активно вложуваат во нови модерни терминали, во оптимизација на процеси и модернизација на услугите, делумно мотивирани од пораст на извозот и поголем обем на е-трговија.
Во рамките на планот за осовременување и забрзување на процесот на престој и царинење на камионите на својот царински терминал, „Фершпед“, на пример, инвестира и имплементира автоматизиран процес на прием на возила со паметни картички, вагање, контрола на документи и наплата на една точка, со цел обезбедување навремена и квалитетна услуга на коминтентите - корисници на овој терминал. Во следната фаза на овој проект е предвидена директна онлајн-размена на податоци со системите на Царинската управа.
Потребата од сув поморски терминал (dry port terminal) во Скопје се јавува како последица на неколку современи трендови во логистиката и меѓународната трговија и е директно поврзана со зголемувањето на обемот на стокови текови кои патуваат преку морски пристаништа, а дестинација им се внатрешните, копнени делови од регионот и државата.
Сувиот поморски терминал е внатрешен логистички центар, директно поврзан по пат или железница со некое морско пристаниште. Овозможува складирање, претовар, царинење и распределба на контејнерска или друга морска стока без таа физички да мора да остане подолг период на морското пристаниште.
Во Западен Балкан, пристаништето Драч се развива како главна транспортна точка. Паралелно, веќе постојат иницијативи за суви пристаништа во Приштина и Струга, а како логично продолжение – особено ако железничките и патните коридори се модернизираат – би било исплатливо да се разгледа потребата за ваков терминал и во Скопје, кој е најголем економски центар во Македонија и клучна точка во коридорите кон Србија, Грција и Бугарија.
Со оглед на тоа што компаниите од Македонија сè повеќе се потпираат на морски пристаништа (како Драч, Солун, Бургас), сув поморски терминал во Скопје би ги зголемил бенефитите – скратување на времето, пониски трошоци, полесно царинење и привлекување повеќе логистички инвестиции од странство.
Во Македонија има околу 50 големи царински складишни капацитети, но само 20% исполнуваат меѓународни стандарди. Просторот за развој лежи во модернизацијата на магацинската, патната и железничката инфраструктура и нејзино поголемо интегрирање на европските логистички и транспортни мрежи. Клучен проблем останува недостигот на висококвалитетна логистичка инфраструктура и капацитет, како и стандардизација и дигитализација на услугите.
2. Законска рамка, човечки ресурси и технолошки капацитети
Владата работи на усогласување со европските практики и трендови во привлекувањето странски инвестиции и модернизација на логистичкиот сектор, особено преку имплементација на национални транспортни и ИТС (интелигентни транспортни системи) стратегии. Сепак, административните процедури и сè уште недоволната дигитализација во дел од јавните услуги се проблем за побрзо интегрирање во европскиот транспортен пазар.
Постои недостиг на специјализирани кадри за напредно логистичко и синџирско управување, фокусот во наредниот период мора да биде на млад кадар, преквалификација и бизнис-обуки за современи вештини.
Меѓу најбрзорастечките трендови во Македонија се дигитализацијата и автоматизацијата на логистичките процеси, интеграцијата на ИТ-системи, IoT, блокчејн и апликации за следење во реално време.
3. Развој на македонските логистички компании
Според најновите индустриски трендови и препораки, логистичките компании во Северна Македонија треба да се движат кон:
Во 2025 година логистичките компании во Северна Македонија напредуваат, но клучно е да продолжат со дигитална трансформација, автоматизација, зајакнување на инфраструктурата и обезбедување флексибилни, одржливи и персонализирани логистички решенија за да го поддржат порастот на домашната и регионална економија.
Што треба да направиме?