
Трендовите во дистрибуцијата ќе продолжат да се развиваат под влијание на брзи трансформации и радикални промени, предизвикани од економската нестабилност, новите технологии, геополитичките конфликти или еколошките барања.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Ако научивме нешто од 2024 година (и од годините претходно), тоа е дека мора да бидеме способни да се приспособиме на околностите и соодветно да реагираме. Повеќе не е прашање дали нешто ќе се случи (бидејќи ќе се случи), туку како компаниите ќе одговорат на предизвиците, ќе се истакнат и ќе успеат.
Приредеи: Редакција на InStore
Трендовите во дистрибуцијата ќе продолжат да се развиваат под влијание на брзи трансформации и радикални промени, предизвикани од економската нестабилност, новите технологии, геополитичките конфликти или еколошките барања. Тука е и немилосрдната конкуренција составена од нови играчи, чија основна цел е да го нарушат пазарот...
Трендовите во дистрибуцијата ќе продолжат да се развиваат под влијание на брзи трансформации и радикални промени, предизвикани од економската нестабилност, новите технологии, геополитичките конфликти или еколошките барања. Поради тоа, користењето ефикасен синџир на снабдување како начин за справување со споменатите предизвици, кој ќе направи разлика меѓу компаниите – е многу тежок предизвик. Ако не поради ништо друго, тогаш поради значајните вложувања што компаниите мора да ги направат. Во секој случај, се поставува прашањето како компаниите ќе останат конкурентни.
Пет тренда во дистрибуцијата
Поради фактот што станува збор за витална алка во глобалниот синџир на снабдување, влијанието на големопродажната дистрибуција е далекусежно.
Според податоците на Националната асоцијација на големопродажни дистрибутери на САД, оваа индустрија брои повеќе од пет милиони работници само во Соединетите Американски Држави и учествува со една третина во БДП. Според американскиот Завод за статистика, постојат повеќе од 390.000 големопродажни дистрибутери на територијата на Северна Америка.
Во текот на 2025 година ќе остане притисокот врз дистрибуцијата да ги напушти старите навики и да се приспособи на новите вачки преференции и начини на работење.
Годинава актуелни се следните трендови во дистрибуцијата:
1. Зголемен интерес за ВИ
Компаниите што користат ЕРП- софтвер (Enterprise Resource Planning) веројатно веќе користат некои од алатките на вештачката интелигенција во дигиталното управување со инвентар и магацини. Несомнено е дека дистрибутерите во текот на 2025 година имаат големи очекувања од ВИ, што ја прави еден од водечките трендови.
Интересот за вештачка интелигенција е присутен во сите сектори.
Според резултатите од петтото истражување на „Делоит“ – „State of AI“, 94 проценти од глобалните бизнис-лидери сметаат дека употребата на ВИ ќе биде од витално значење за одржување на конкурентноста во наредните пет години.
Вештачката интелигенција и машинското учење им обезбедуваат помош на дистрибутерите за оптимизација на резервите и автоматизација на процесите во складиштата, со што ги намалува доцнењата и ја зголемува ефикасноста низ целиот синџир на снабдување. Дополнителни придобивки што ВИ може да им ги понуди на големопродажните дистрибутери се прецизнитe прогнози, одредувањето на цените и персонализираното ангажирање на купувачите.
Трендовите на вештачката интелигенција во 2025 година вклучуваат персонализирано потрошувачко искуство и зголемена продуктивност, како резултат на тоа што компаниите инкорпорираат генеративна ВИ во сопствените процеси. Вештачката интелигенција е водечки тренд– оттука, дистрибутерите треба да ја приспособат на својата организација, без да ја преоптоварат сопствената дејност.
2. Технолошки управувана трансформација
Вештачката интелигенција е клучен дел од технолошката трансформација, која е неопходна за порастот на големопродажната дистрибуција на глобално ниво.
Со помош на технологии како што се облак-базираните платформи, собирањето и анализата на податоци во реално време, роботската автоматизација на процесите и примената на интернет на нештата (IoT,Internet of Things), дистрибутерите ги трансформираат процесите и бизнис-моделите за да постигнат брзина, агилност и конкурентска предност.
На пример, паметните технологии можат да му помогнат на дистрибутерот да креира нови програми за зголемување на маржата и обемот на продажба. Аналитиката може да помогне во идентификација на „слабите точки“ кај купувачите и прогноза на побарувачката. Со помош на автоматизацијата на роботските процеси (RPA), мануелните и рутински задачи се отстрануваат, што им овозможува на вработените да се насочат кон решавање покомплексни предизвици. Но, за да бидат успешни, дистрибутерите мора да постават јасна цел за дигиталната трансформација. Мора да се оддалечат од помодарството и да преминат кон реална имплементација.
Истражување на МИТ (Масачусетски институт за технологија) покажа дека компаниите што спроведуваат фундаментални промени во начинот на работа и развиваат таленти, збирно генерираат 70% или повеќе од потенцијалната вредност на дигиталните иницијативи, што е значително повеќе од другите организации.
3. Персонализираната B2B-трговија
Модерните B2B-купувачи се значително поразлични од порано. Тие сакаат процесите да бидат брзи и приспособени на нивниот начин на живот – пократки синџири на снабдување и повеќе опции за испорака. Тоа значи дека дистрибутерите мора добро да ги познаваат купувачите, да се вклучат во каналите што ним им одговараат, да покажат флексибилност во цените и да понудат искуство по нивна мерка. Но, иако 62% од компаниите во анкетата „B2B marketing“ сметаат дека треба да ја надградат својата структура за да ја зголемат персонализацијата, 49% од нив немаат никаква стратегија за да ги приспособат дигиталните канали. Според истото истражување, главниот приоритет на B2B-продавачите во процесот на персонализација е да го олеснат купувањето со намалување на бројот на чекори во процесот. Водечките дистрибутери ги трансформираат процесите за да ја забрзаат персонализацијата. На пример, американската компанија „Ароуелектроникс инк.“ имплементира систем „SAP Commerce Cloud“ за да го подобри и персонализира корисничкото искуство на дигиталните канали. Конкретните подобрувања вклучуваат: поедноставено најавување, индивидуализирани резултати од пребарувањето, персонализирани понуди и транспарентност на цените.
4. Одржливоста како клучен приоритет
Компаниите од сите индустрии се соочуваат со зголемен интерес за потеклото на производите, енергетската ефикасност и за влијанието врз животната средина, што води кон тоа одржливоста да стане приоритет во работењето во 2025 година. Одржливоста е неопходен услов за задоволување на потребите на денешниот B2B-купувач. Според извештајот на „Амазон“, 69% од купувачите работат во компании што бараат набавките да се вршат од продавачи со одржливи практики.
Кога дистрибутерите ќе ја прифатат оваа реалност, ќе можат подобро да го разберат профитабилниот аспект на одржливоста. Инвестирањето во одржливост во индустрии што се под притисок на маржите може да биде ризично, но за дистрибутерите, фокусот на енергетска ефикасност, намалување на отпадот од амбалажа и добивање соодветни сертификати, може да стане одлучувачкаконкурентска предност. Циркуларната економија ќе стане иманентна за B2B-културата, додека енергетската ефикасност – без разлика дали станува збор за логистиката или складирањето податоци, ќе донесе придобивки и ќе ги направи операциите поотпорни и подиференцирачки.
5. Фокус на регрутацијата и задржувањето на талентите
Недостигот на работна сила во големопродажбата, дополнително влошен од пандемијата на коронавирусот, најверојатно нема да се реши до крајот на 2025 година. Тоа значи дека приоритетот во текот на целата година ќе биде решавањето на проблемот со талентите.
Комбинацијата од различни фактори, вклучувајќи го пензионирањето на постарите работници и незаинтересираноста на младите за дистрибуција, ја отежнува потрагата по квалификувани работници за магацински работи, возачи, директни продавачи и персонал за корисничка поддршка. Дистрибутерите можат да ги направат своите работни места поатрактивни преку дигитализација и користење современи технологии.
Вработените што не се „заглавени“ во рутински, мануелни задачи, можат да се фокусираат на решавање проблеми и стратешки активности. При привлекувањето млади, општествено и еколошки свесни работници, дистрибутерите можат да ги истакнат своите корпоративни и општествено одговорни напори.
Од друга страна, големопродажните дистрибутери што сакаат да останат конкурентни мора да инвестираат во искуството на вработените, со што ќе ги задржат и ќе ја обезбедат нивната лојалност.
Останете смирени и продолжете понатаму...
Предизвиците со кои се соочуваат големопродажните дистрибутери можат да бидат застрашувачки, но ќе успеат само тие што не се плашат од промени и што ја прифаќаат технологијата. Најефикасната трансформација вклучува фундаментален преод од едноставна продажба на производи кон доверлив партнер што соработува со купувачите, кој ги предвидува нивните потреби и нуди најдобри решенија. Сепак, ваков тип промена не се случува преку ноќ. Во текот на 2025 година дистрибутерите не смеат да заостануваат на патот кон сопствената трансформација.