
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Македонија повторно успеавме да отвориме жестока дебата за нешто што никој не го кажа. Со недели се расправаше дали Владата ќе го национализира вториот пензиски столб, иако таква одлука, план или дури најава реално немаше од ниту една владина институција. Се искористи еден одговор на прашањето за резултатите од пензиската реформа кој потоа беше искористен за политички лајтмотив за развивање на приказната околу наводната национализација, додека суштинското прашање – какви пензии навистина ќе добиваат идните пензионери – остана заглушено од вревата.
Сè почна од прашањето дали во работните групи за реформи на пензискиот систем, се разгледува моделот членовите на вториот столб откако ќе се пензионираат, нивната цела пензија најнапред да се исплаќа од акумулираните средства на личната сметка во вториот столб, а дури по нивното исцрпување обврската за исплата на целата пензија да ја презеде државниот Фонд за пензиско осигурување (ПИОМ). Значи, прашањето беше за можен начин на исплата и за ефектот врз државниот фонд, а не за одземање на нечии заштеди.
Одговорот на премиерот Христијан Мицкоски не содржеше ниту директна ниту индиректна најава за национализација на вториот столб. Рече дека дел од граѓаните може непријатно да се изненадат од тоа колкав износ акумулирале и каква пензија ќе добијат од вториот столб. Дополнително напомна дека во други држави вториот столб не ги дал очекуваните резултати и дека бил напуштен како концепт.
Едноставно, во јавноста вториот столб треба темелно да се анализира. Анализата мора да биде длабока и реална бидејќи вториот столб не е маргинален експеримент. Во него членуваат близу 638 илјади осигуреници, а се управува со милијарди евра приватни средства. Ваквите оценки може и треба да се проверуваат, да се оспоруваат со бројки и да се споредува со резултатите на фондовите. Но, не е исто што и најава дека државата ќе ги преземе парите на граѓаните.
Сепак, „национализацијата“ стана главна вест. Партиите добија ново поле за меѓусебни обвинувања, пензиските друштва влегоа во одбрана на системот, а осигурениците со право се прашаа дали некој ќе посегне по нивниот личен имот. Во ваква атмосфера никој никого не слуша.
И тука е најголемата опасност. Ваквата какофонија да се претвори во одбрана на статус кво кое гледаме дека не ги дава посакуваните резултати. Едноставно, во јавноста вториот столб треба темелно да се анализира. По две децении работа, јавноста има право на одговори за тоа колкав е реалниот принос по одбивањето на надоместоците и инфлацијата, колкава пензија обезбедува акумулираниот капитал, дали инвестициските правила се доволно добри и дали товарот меѓу двата задолжителни столба е правично распределен.
Анализата мора да биде длабока и реална бидејќи вториот столб не е маргинален експеримент. Во него членуваат близу 638 илјади осигуреници, а се управува со милијарди евра приватни средства. Истовремено, масовното пензионирање на неговите членови следува по 2030 година. Тогаш ќе се види целосниот ефект од реформата кога дел од пензиите ќе почне да се исплаќа од акумулираниот капитал, а притисокот врз ПИОМ постепено ќе треба да се намалува. Затоа првите 150 пензионери кои годинава почнаа да земаат пензии и од вториот столб не се доволни за конечна пресуда, но се доволни за навремено предупредување.
Затоа реформата мора да почне токму од прашањата што веќе јавно се отворени. А тоа е за мултифондовите, односно различни инвестициски портфолија според возраста, кои ќе треба да овозможат помладите да преземаат поголем ризик за повисок долгорочен принос, а оние пред пензија подобро да ја заштитат заштедата. Потребни се и појасни и пофлексибилни модели за исплата, пониски и целосно видливи трошоци, разбирливи проекции за идната пензија и споредба на резултатите што секој осигуреник ќе може да ја разбере без финансиски речник.
Но, реформата не смее да ја пишуваат само Владата, министерствата или пензиските друштва, секој затворен во сопствената математика. Потребни се ПИОМ, МАПАС, актуари, економисти, синдикати, работодавачи и претставници на осигурениците. Не за да се создаде уште една работна група, туку за да се направат сценарија: што ќе се случи со пензиите, буџетот и личните сметки во следните дваесет или триесет години.
Но, кај нас најлесно е да се каже „национализација“ кој е лесен збор за политичка мобилизација. Да се зборува за реформи е потешко бидејќи бара пресметки, одговорност и одлуки чии резултати ќе се гледаат по повеќе владини мандати. Затоа дебатата мора да се врати таму каде што почна – кај пензијата што ќе ја добие граѓанинот и како се ќе се одрази врз ПИОМ.
Интервјуто е објавено во InStore бр.153. Целото издание може да го погледнете тука