.webp&w=1920&q=100)
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Дисконтери, convenience продавници, travel retail формати и сервисите за храна сè почесто ја таргетираат истата мисија – моментална консумација. Новоотворениот сообраќаен јазол Варшава Заходња во полската престолнина покажува како овие понуди сè повеќе се преплетуваат на една високо фреквентна локација.
Железничката станица Варшава Заходња, едно од најпрометните транспортни јазли во Полска, стана вистинска тест-околина за „convenience мисијата“. На многу мал простор, „Алди норд“ дисконтер со стандарден полн асортиман, „Жабка“ convenience продавница, „Лагардер травел ритеил“, „1 минут“ и „Коста кофи“ меѓусебно се натпреваруваат за купувачи кои сакаат да земат пијалак, ужина или лесен оброк за моментална консумација.
Овој компактен варшавски „кластер“ може да послужи како модел за тоа како се редефинира конкуренцијата во урбаната прехранбена малопродажба. Наместо да останат во рамките на своите канали, овие четири трговци се позиционираат долж континуумот од сервис за храна до малопродажба: „Коста кофи“ и „1 минут“ се најблиску до моменталната консумација, „Жабка“ поврзува convenience и дополнително пазарење, додека „Алди“ останува најцврсто врзан за класичното пазарење.
Разликите стануваат видливи на продажното место – во начинот на кој секој трговец ја комбинира понудата на ужини и оброци, пијалаци, малопродажен асортиман, ценовна стратегија и квалитет на искуството при консумација на лице место.
За појасно да се прикажат контрастите, анализата на продажниот простор се фокусира на една конкретна можност: пекарска ужина во комбинација со пијалак. Од перспектива на купувачот, клучното прашање не е дали понудите се идентични, туку како секој трговец се диференцира во рамките на истата можност – преку ширина на асортиман, цена, брзина или квалитет на искуството на лице место.
„Алди“ ја покрива оваа можност преку главно неадаптиран малопродажен модел. Неговиот компактен bake-off асортиман и широка архитектура на приватни трговски марки во категоријата пијалаци овозможуваат низок ценовен влез, но продавницата останува заснована на стандардна дисконтерска логика, а не на наменскиот концепт храна за носење. На спротивниот крај, „Коста кофи“ е изграден околу задржување на купувачите во просторот, комбинирајќи пијалаци со свежо подготвена храна во најразвиено место каде може да се консумира храната, меѓу овие четири формати. Меѓу овие два пола се наоѓаат „1 минут“ и „Жабка“, со различни средни позиции. „1 минут“ е најјасен grab-and-go формат, фокусиран на импулсивно купување на храна, пијалаци, со интегриран мал простор за седење. „Жабка“ повеќе се приближува до малопродажбата, комбинирајќи пијалаци, готови јадења, топли ужини и бистро зона со барски столици, заедно со поширок convenience асортиман.
Овие четири формати покажуваат колку различно може да се адресира истата можност. „Алди“ поставува ценовен репер и нуди најширок стандарден малопродажен асортиман, но е најмалку прилагоден на convenience аспектот. „1 Минут“ е најмногу фокусиран на конкретната мисија, заснован на брзина и „земи-и-оди“ логика, но со потесен асортиман и изразен travel retail ценовен премиум. „Жабка“ е најблиску до хибридниот модел, поврзувајќи дополнително пазарење со топли ужини, пијалаци и скромна понуда за консумација на лице место. „Коста кофи“ е најчист концепт сервис со храна, кој се диференцира преку подготвена храна и најразвиена околина за престој на купувачите.
Надвор од Полска, „Алди“ исто така тестира поексплицитно приспособување на grab-and-go мисиите. На главната железничка станица во Лајпциг во Германија, дисконтерот управува со сличен компактен формат, но го дополнува со самопослужен апарат за кафе пред каса, кој користи приватни трговски марки на „Алди“.
Посета на продавници
„Алди“ е позициониран во помирен дел од станицата, но блиску до влезот и лифтовите, давајќи приоритет на пристапноста во однос на перонскиот сообраќај. Планираниот „Мекдоналдс“ во непосредна близина може дополнително да ја зголеми фреквенцијата на купувачи во овој дел од станицата.

„Жабка“ комбинира малопродажба, импулсивно пазарење и food-to-go во компактен простор, таргетирајќи и моментална консумација и дополнително пазарење во една посета.

„1 минут“ се заснова на класична grab-and-go логика – кафе, ладни пијалаци, ужини и ограничен простор за седење создаваат брза, но сепак кон консумација ориентирана понуда.

„Алди“ нема простор за седење во продавницата, но користи седишта пред влезот, со што го продолжува својот малопродажен модел кон моментална консумација без дополнителен простор во продавницата.

Бистро зоната во „Жабка“ е воведен елемент на задржување на купувачите во convenience форматот, позиционирајќи го брендот помеѓу grab-and-go и сервис за храна.

„Коста кофи“ нуди јасно дефинирана околина за седење и подолго задржување, поместувајќи го фокусот од брзо преземање кон консумација на лице место.

Во Лајпциг, „Алди“ во продавници на прометни локации интегрира самопослужен апарат за кафе пред каса како дел од концептот.

Асортиманот на bake-off на „Алди“ овозможува ниска цена за моментална консумација, но останува дел од стандардната малопродажна логика, а не посебен концепт.

Сендвичите во „Жабка“ ја нагласуваат хибридната улога меѓу convenience продавница и место за брз оброк, со комуникација на можноста за загревање на производите.

„Коста кофи“ дополнително ја развива можноста за избор на оброци, преку понуди во апликацијата – во моментот на посетата беа достапни шест ваучери кои комбинираат кафе и храна.

„1 минут“ го ублажува повисокото travel retail ценовно ниво преку приватна трговска марка како „психолошко сидро“ – Bosko пијалак како поевтина алтернатива на брендирани производи.

„Жабка“ го позиционира енергетскиот пијалак Black по пониска цена од „1 Минут“, со дополнителна вредносна комуникација преку својата марка Easy Boost и мултипак понуди.

„Алди“ дополнително го намалува ценовното ниво со приватната марка Golden Power, јасно позиционирајќи се како ценовен лидер во однос на „Жабка“ и „1 минут“ во оваа категорија.

Фото: Себастијан Ренак
ЗА АВТОРОТ
Себастијан Ренак е основач на „Алетос Ритеил Адвајзори“, меѓународен аналитичар за малопродажба и поранешен меѓународен дописник за „Лебенсмиттел Цајтунг“, водечкиот германски неделник за бизнис весник за секторот за производи со широка потрошувачка. Тој, исто така, има богато практично искуство во индустријата како поранешен член на меѓународните оперативни тимови на групацијата „Шварц“ и групацијата „Метро“ во Полска, Украина и Русија.