
Работилницата за сите маркетинг-менаџери и бренд-менаџери ќе се одржи на 21. и 22. март. Главниот фокус на дводневната работилница е ставен на ефикасното управување со брендот, важноста на бренд аналитиката, оптимизацијата на медиумите...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Работилницата за сите маркетинг-менаџери и бренд-менаџери ќе се одржи на 21. и 22. март. Главниот фокус на дводневната работилница е ставен на ефикасното управување со брендот, важноста на бренд аналитиката, оптимизацијата на медиумите, привлекувањето на потрошувачите и како да ги користите истражувањата на пазарот.

ЦЕЛИ НА РАБОТИЛНИЦАТА:
ПРОГРАМА ПО ДЕНОВИ
ДЕН 1: Како ефикасно и успешно да се управува со брендот?
ДЕН 2: Како успешно да се управува со медиумите и однесувањето на потрошувачите?
ЗА ПРЕДАВАЧОТ:
Дарко Лукиќ, м-р по економски науки и консултант. Вкупно 20 години работно искуство во маркетинг, од кои 5 години искуство во агенции за истражување на пазарот и адвертајзинг, а 15 години во водечки мултинационални компании од областа на банкарството и FMCG (“ING Bank, “Nestle Adriatic”, ”Henkel CEE HQ Austria”, “Henkel Srbija”).
Од 2007 до 2015 година на позицијата регионален директор за маркетинг за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и Албанија во компанијата „Henkel Srbija”. Портфолио: Persil,Merix, Perwoll, Silan, Bref, Mer, Somat.
Потоа на позицијата регионален извршен директор на агенцијата „Firma: FCB Afirma“ од Белград. Клиенти: „Beiersdorf“, „Mondellez”, „Telenor“, „Whirpool“, „Lesaffre“, „Ikea“. Територија: регионот на поранешна Југославија и Албанија.
Моментално работи како маркетинг консултант за водечки српски компании и невладини организации во Агенцијата за менаџмент и маркетинг консалтинг што ја има основано самиот. Клиенти: UNICEF, Yuhor, Mioni, Fun&Fit, Danubius, Nectar Group (Nectar, Fructal). Територија: Србија.
КОТИЗАЦИИ:
1 лице – 230 евра
2 лица од компанија – 220 евра по лице
3 лица од компанија – 210 евра по лице
4 и повеќе лица од компанија – 200 евра
(Цените се без ДДВ)
Во котизацијата се вклучени:
ЛОКАЦИЈА
Јавна соба
ПРИЈАВИ И КОНТАКТ
Елена Вришку
edukacija@instore.mk
тел: 02 3067 572
моб: 071 267 212