.webp&w=1920&q=100)
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На целосно распродадената обука, учесниците од водечките производствени и дистрибутивни компании во Македонија имаа ретка можност да ги слушнат искуствата на Водопија, кој има извршувано највисоки лидерски позиции, меѓу кои и функцијата Генерален дир
Развивањето на тимови кои постигнуваат и надминуваат врвни цели е еден од клучните предизвици со кои се соочуваат компаниите. Токму на оваа тема, во организација на „Кликер маркетинг“ и магазинот InStore, на 4 декември се одржа еднодневна обука со извонредниот Роко Водопија, на тема „Водење на тимови кон врвни перформанси – The Extra Mile Mindset“.
На целосно распродадената обука, учесниците од водечките производствени и дистрибутивни компании во Македонија имаа ретка можност да ги слушнат искуствата на Водопија, кој има извршувано највисоки лидерски позиции, меѓу кои и функцијата Генерален директор на „Бимилк“, и кој зад себе има докажан успех во водење и трансформација на компании низ Централна и Југоисточна Европа.

Во динамична атмосфера и во постојана интеракција со учесниците, Водопија преку практични примери посочи како менаџерите можат да изградат усогласеност, посветеност, одговорност и висока ангажираност во своите тимови.
Обуката со Роко Водопија не беше само уште една обука, таа беше исклучителна комбинација од споделено искуство, практични увиди и силна инспирација за учесниците во остварувањето на нивните деловни резултати. Со ова уште еднаш се потврди важноста на континуираното учење и инвестирањето во луѓето како клучни фактори за долгорочен организациски успех.