
На обуката, која беше организирана на барање на бизнис заедницата, учествуваа компаниите „Пакомак“, „Перутнина Птуј“, „Вива Фреш“, „Филип Морис“, „Метро,“ „Кола’, „Тотал Плус“ и индивидуални професионалци за продажба.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во организација на „Кликер Маркетинг“ и магазинот InStore на 11 јуни во „Паблик рум“ повторно успешно се одржа еднодневна обука на тема „Управување со клучни купувачи и преговарање“ која ја водеше Дарко Лукиќ, директор на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting).

Преку практични примери учесниците на обуката имаа можност да се запознаат со процесите, тактиките, стиловите и стратегиите на преговарање со клучните купувачи.
Лукиќ кој својата 20.годишна кариера успешно ја развивал на лидерските и менаџерските позиции во мултинационални компании, како што се ING Bank Amsterdam, Nestle Adria, Henkel и FCB ги запозна учесниците со потребните квалитети на современите КА менаџери, како и со клучните КА стратегии и тактики.

За време на обуката постојано имаше дискусии и интеракција меѓу учесниците, Дарко Лукиќ споделуваше примери од своето долгогодишно искуство и на присутните им даваше можност преку практични примери да дадат свои решенија за одредени предизвици со кои се соочува FMCG секторот.
На обуката, која беше организирана на барање на бизнис заедницата, учествуваа компаниите „Пакомак“, „Перутнина Птуј“, „Вива Фреш“, „Филип Морис“, „Метро,“ „Кола’, „Тотал Плус“ и индивидуални професионалци за продажба.