
На обуката која беше целосно распродадена присуствуваа професионалци за продажба, КА менаџери и продажни менаџери од 11 компании.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во време кога речиси сè е на продажба, една од главните карактеристики во работењето е токму преговарањето. И, во FMCG-секторот клучно е на кој начин се преговараат и договараат продажбите, и секако, на кој начин се управуваат клучните купувачи.
Токму на оваа неисцрпна тема, во организација на „Кликер Маркетинг“ и магазинот InStore на 11 април се одржа обука „Управување со клучните купувачи и преговарање“ со одличниот Дарко Лукиќ, директорот на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting). Тој, својата 20.годишна кариера успешно ја развивал на лидерските и менаџерските позиции во мултинационални компании, како што се ING Bank Amsterdam, Nestle Adria, Henkel и FCB.

Лукиќ зборуваше за тоа како да се совлада стратегиското управување со клучните купувачи и да се усоврши сегментацијата на купувачите. Учесниците на обуката, Лукиќ ги запозна со клучните КА стратегии и тактики и потребните квалитети што треба да ги има современиот КА менаџер.

Обуката беше интерактивна и постојано имаше дискусии на кои се зборуваше за практичните предизвици во работењето. Секако, една од темите беше и влегувањето на „Лидл“ на македонскиот пазар, за што се дадоа и примери и насоки како може да се одвива преговарањето. Дарко Лукиќ, покрај примерите од своето искуство, сподели корисни информации и од истражувачки агенции. Во текот на обуката присутните имаа можност и практично да работат на одредени предизвици и да ги презентираат решенијата.


На крајот, Лукиќ обуката ја заокружи со презентирање на трендовите во малопродажбата во регионот и во светот, како и со европските и светските трендови во развојот на клучните купувачи.

На обуката која беше целосно распродадена присуствуваа професионалци за продажба, КА менаџери и продажни менаџери од 11 компании: „Бимилк“, „Виталиа“, „Лион“, „Актуел“, „Тиквеш“, „Империал Тобако“, „Орбико“, „Орбико“, „Бадел 1862“, „Алкалоид“, „Хоризонт“, „Колид С Тим“.