_vvvvvvvvvvvvvvv.webp&w=1920&q=100)
Tony Durham на 2 април 2025 година повторно во Скопје, со обука наменета за професионалци за продажба и маркетинг.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Ексклузивно ви најавуваме - Tony Durham на2 април 2025година повторно во Скопје, со обука наменета за професионалци за продажба и маркетинг. Како однесувањето на потрошувачите да го ставите во функција на врвни деловни резултати.
Запознајте ги вашите потрошувачи подобро и носете прецизни бизнис одлуки. Користејќи ги принципите на психологија, социологија и економија, дознајте како да идентификувате, анализирате и применувате когнитивни стратегии кои можат да ги подобрат продажбата и маркетингот.
ЗА ОБУКАТА
Обуката ги води учесниците низ широкиот спектар на бихевиоралната наука и концептите за когнитивна психологија кои експертите за продажба и маркетинг можат да ги применат во своето тековно работење. Учесниците ќе го разгледаат однесувањето на купувачите и потрошувачите од поинаква перспектива, генерирајќи низа нови идеи и концепти кои можат да ги применат во контекст на своите брендови.
Користејќи го моделот MINDSPACER обуката ќе им помогне на учесниците да разберат како човечките предрасуди и наученото однесување може да се искористат за да се подобрат резултатите во продажбата и маркетингот, а истовремено да се подобри задоволството на купувачите и потрошувачите.
Messenger │Кој ја пренесува пораката: Потрошувачите се под силно влијание на тоа од кого ги добиваат информациите.
I**ncentives │ Тригери:** Однесување предизвикано од широк спектар на стимулации кои можат силно да влијаат на одлуките при купување.
N**orms │ Општествени норми:** Потрошувачите се под силно влијание од однесувањето на другите.
D**efaults │ Повторувачки одлуки:** Ги избираме опциите кои се веќе претходно понудени. Го избегнуваме напорот за донесување на нова одлука.
S**alience │ Истакнување**: Вниманието на потрошувачите е насочено кон тоа што е ново, невообичаено и е релевантно за нив.
P**riming │ Подсвесни влијанија:** Одлуките за купување се обликувани од подсвесни влијанија и информации.
A**ffect │ Емоционално влијание**: Емоциите на потрошувачите моќно ги формираат нивните одлуки и нивното однесување.
C**ommitments │Заложби:** Потрошувачите се стремат да бидат доследни на нивните јавни ветувања и однесување.
E**go │ Его:** Однесувањето е водено од потребата да се чувствуваме подобро во врска со себе си.
R**eciprocity │ Реципроцитет:** Чувствуваме обврска да возвратиме на услугите кои се направени за нас.
ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА
ПРИЈАВИ СЕ!
Интервјуто со Tony Durham можете да го прочитате тука.

ЗА ПРЕДАВАЧОТ
Tony Durham е светски признат експерт за психологија и однесување на купувачите. Кариерата ја почнува во 1982 година во Procter & Gamble, каде што го стекнува своето експертско искуство цели 35 години. За време на неговото работење во P&G, Durham обучувал некои од водечките светски менаџери на брендови за тоа како би можеле да го променат својот бизнис за подобро да ги сфатат потребите на купувачите и да го зголемат профитот.
Последната деценија од неговата работа во оваа компанија ја обележува неговата работа на позицијата директор на SBD (Shopper Based Design) за регионот на Европа, Индија, Африка и Блискиот Исток.
Следниот голем чекор во неговата кариера е развивањето на концептот на регионалните центри „First Moment of Truth (FMOT)” кои имаат за цел да ги подигнат стандардите во трговијата преку собирање и користење на најдобрите практики и релевантни знаења за однесувањето на купувачите. Со време, овие центри стануваат место каде што компаниите можеа да ја тестираат ефикасноста на своите идеи со помош на физички инсталации и виртуелна реалност. Денеска овие центри се присутни низ светот и претставуваат важен адут за многу светски компании.
Во 2017 година Durham основа консултантска компанија, Tony Durham Consulting Limited, со цел да им помогне на компаниите да развијат стратегии и да ги зголемат приходите.
Цена по учесник: 299 евра (ДДВ не е вклучен во цената)
Локација: Хотел Панорамика, Скопје
Во цената на котизацијата е вклучено следење на предавањето, сертификат, ручек, пијалаци и кафе за време на паузите.
Пријавување на: meri@instore.mk; edukacija@instore.mk
Телефон: 071 262 441, Мери Каталиниќ
* Обуката ќе биде на англиски јазик без превод.