InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Акшн“, дисконтен трговец со непрехранбени производи, ја отвори првата продавница во Хрватска, во Сесвете, на адреса Улица 144. бригада на Хрватската војска 5.
Продавницата, која се простира на површина од 822 квадратни метри, на потрошувачите им нуди асортиман од 6.000 производи во 14 категории, од перење и чистење и лична нега до играчки и забава, „направи-сам“ производи и производи за градина.
„Акшн“ исто така секоја недела воведува 150 нови производи, со што обезбедува релевантен асортиман.
Исклучително сме возбудени што денес ја отвораме првата продавница „Акшн“ во Хрватска. Ова е важна пресвртница за нашата компанија и горди сме што на хрватските купувачи им ја претставуваме единствената формула и нашиот разновиден асортиман по најниски цени. Отворањето на продавницата во Сесвете го означува почетокот на патот во Хрватска. Им благодарам на сите кои со голема посветеност и страст работеа за ова отворање да биде можно – нашиот успех се темели токму на посветеноста на нашите тимови,изјави Хајир Хаџи, главна извршна директорка на „Акшн“.
Хрватска со ова отворање стана петнаесеттата земја во која трговецот работи, а продавницата вработува 18 лица.
Компанијата, по повод отворањето, за првите 200 купувачи на денот на отворањето обезбеди подарок-ваучер во износ од пет евра.
Фото: Action