
„Конзум“ отвори нова продавница во рамките на ритеил-паркот „Адриа“ во Томиславград, на улицата Крал Звонимир, бр. 64...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Конзум“ отвори нова продавница во рамките на ритеил-паркот „Адриа“ во Томиславград, на улицата Крал Звонимир, бр. 64.
Новиот маркет се простира на површина од над 1.000 квадратни метри, а за услугата се грижи тим од 21 вработен. Објектот нуди пространи оддели за пекарница, месарница, рибарница, деликатеси и готови јадења, како и широк избор на свежи и локални производи.
Отворањето на новиот „Конзум“ е дел од инвестицискиот циклус за проширување и модернизација на малопродажната мрежа. Иван Мариќ, регионален менаџер за малопродажба, изјави дека инвестицијата ја потврдува долгорочната посветеност на компанијата кон развој на пазарот во Босна и Херцеговина.