
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Рамстор Македонија“ ја проширува својата продажна мрежа со отворање нов маркет во Тетово, лоциран на улицата „29 Ноември“ бб.
Новиот маркет располага со околу 500 квадратни метри современо уреден и функционално организиран продажен простор, дизајниран со фокус на практичноста, удобноста и побрзото секојдневно пазарење.
Во продажниот објект на потрошувачите им се достапни повеќе од 10.000 производи, меѓу кои свежо овошје и зеленчук, домашни и интернационални брендови, производи од приватната марка R, како и широка понуда на увозни производи за секојдневна употреба.
Отворањето на маркетот беше одбележано со промоции, дегустации, акциски цени, подароци и гратис производи. Специјалните понуди ќе важат до 23 август.
На купувачите им е достапна и Рамстор Клуб картичката, преку која можат да собираат поени и да остваруваат дополнителни заштеди при купувањето.
Од „Рамстор Македонија“ посочуваат дека со отворањето на новиот маркет продолжуваат со проширување на продажната мрежа и со инвестиции во современи малопродажни концепти и подобрување на услугата.
Со новиот продажен објект компанијата дополнително го зајакнува своето присуство во Тетово, со цел на потрошувачите да им понуди поголем избор на производи и дополнителни можности за заштеда.