InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со новиот дисконт во Драчево, на улица „Ратко Митровиќ“ бр. 73 трговскиот синџир „Кам“ продолжува со проширување на продажна мрежа.
Новиот „Кам“ се простира на вкупна површина од 420 квадратни метри, со модерен и прегледен распоред што им овозможува на потрошувачите брзо и удобно пазарување.
Во новиот објект купувачите можат да најдат широка понуда на производи за секојдневни потреби, вклучувајќи свежо подготвени топли печива од пекарницата на „Кам“, овошје и зеленчук, месни и млечни производи, пијалаци, производи за домаќинство и други производи од секојдневниот асортиман.

Отворањето на новиот маркет беше одбележано со специјални промоции и акциски цени на дел од асортиманот.
Со новиот објект, дисконтниот синџир продолжува да ја зајакнува присутноста на македонскиот малопродажен пазар и да им овозможува на потрошувачите достапно и практично секојдневно пазарување.