
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Рамстор Македонија“ го отвори својот втор маркет во скопската населба Водно, лоциран на улицата „Партениј Зографски“ број 28Г.
Новиот продажен објект е 35. маркет на компанијата во земјава и располага со 180 квадратни метри современо уреден и функционално организиран простор. Маркетот е дизајниран со фокус на практичноста и удобноста, со цел на потрошувачите да им овозможи брзо и едноставно секојдневно пазарење.
Во понудата се вклучени околу 3.500 производи, меѓу кои свежо овошје и зеленчук, како и широк асортиман домашни и меѓународни брендови за секојдневните потреби на потрошувачите.
Отворањето беше одбележано со промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи. Специјалните понуди во новиот маркет ќе бидат достапни до 27 јули.
Посетителите ќе можат да ги користат и придобивките од Ramstore Club картичката, преку која собираат поени и добиваат дополнителни заштеди при купувањето.
Со новиот објект на Водно, „Рамстор Македонија“ достигна вкупно 35 маркети во осум градови низ земјава, со вкупна продажна површина од околу 30.000 квадратни метри.
Од компанијата информираат дека продолжуваат со инвестициите во проширувањето на продажната мрежа, развојот на современи малопродажни концепти и подобрувањето на услугите. Во маркетите на компанијата низ земјава работат повеќе од 750 лица.