
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Тинекс отвори нов модерен маркет во рамки на Mega Shopping Park во Гевгелија, со што ја продолжува експанзијата на својата малопродажна мрежа и дополнително ја зајакнува присутноста на југот од државата.
Новиот Супер Тинекс, лоциран на улицата „Васил Главинов“ бр. 4, се простира на вкупна површина од 1.450 квадратни метри, од кои 1.000 квадратни метри се продажен простор, а 450 квадратни метри се наменети за магацински капацитети.
Во маркетот се достапни меѓу 12.000 и 15.000 производи, вклучувајќи свежо овошје и зеленчук, месо и сувомеснати производи, млечни производи, пекарски артикли, замрзната храна, органски производи, пијалаци, козметика и производи за домаќинство. Купувачите ќе можат да избираат и од голем број домашни брендови, како и интернационални производи од сопствен увоз.
Како дел од модерниот концепт, маркетот е опремен и со самонаплатни каси, што овозможува побрзо и поефикасно завршување на купувањето.
„Со отворањето на новиот Супер Тинекс во рамки на Mega Shopping Park правиме значаен и стратешки чекор во понатамошното ширење и унапредување на малопродажната мрежа на компанијата. Гевгелија е град со динамичен развој и важна регионална позиција, поради што претставува значаен пазар за нашиот понатамошен раст“, изјави оперативниот директор на Тинекс, Дејан Јовановиќ.
Отворањето на новиот маркет носи и економски бенефит за локалната заедница преку отворање на 25 нови работни места.
По повод отворањето, за посетителите се организирани специјални промоции, дегустации, подароци и активности за целото семејство. Од компанијата потсетуваат дека лојалните купувачи и понатаму ќе можат да ги користат придобивките од програмата Поен+, која нуди ексклузивни попусти и специјални понуди.