
Вчера (20 мај) компанијата „Рамстор“ – Македонија отвори нов маркет во Штип, лоциран на улицата Борис Крајгер, бр. 20А.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Модерно дизајнираниот маркет кој е 34. по ред на малопродажниот трговец во земјава, се простира на продажна површина од 600 квадратни метри и располага со дополнителен магацински простор од 130 квадрати. За услугата се грижи тим од вкупно 17 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 3 наплатни каси. Пред објектот е обезбеден паркинг-простор.
Во новоотворениот маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени свежо овошје и зеленчук, над 6.000 производи, како и пекарница и месарница во рамките на објектот.
Со новиот маркет во Штип, синџирот „Рамстор“ – Македонија достигна до вкупно 34 маркети во 8 града во земјава, кои се простираат на вкупна површина од 30.000 квадратни метри. Вкупниот број на вработени во компанијата изнесува над 750.
„Рамстор“ – Македонија и оваа година го продолжува инвестицискиот пораст и развој во земјата преку најавата на новите активности и отворање на уште 5 нови маркети до крајот на годината, истакнуваат од компанијата.
Трговскиот синџир „Рамстор“, кој во Македонија почна да функционира на 11 јуни 2005 година, е дел од „Сити плаза холдинг“, компанија што работи веќе 21 година на македонскиот пазар.