
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со повеќе од осумдесет маркети низ државата и континуирано вложување во достапност, квалитет и услуга, синџирот маркети „Жито“ продолжува со проширување на малопродажната мрежа. Последните два во низата нови објекти се отворени во Кавадарци и во скопската населба Кисела Вода.
На 8 април беше отворен вториот „Жито“ во Кавадарци, лоциран на булеварот Македонија, бр. 5. Новиот објект нуди современо уреден простор, богат асортиман со околу 5.000 производи, вклучувајќи пекарница и деликатеси. Вкупната површина на маркетот 258 квадратни метри и располага со 2 каси. Во маркетот има 9 вработени.
Две недели подоцна, на 25 април, беше отворен и нов маркет во Кисела Вода (на фотографијата), на улицата Христо Татарчев, бр. 47А. Вкупната површина на маркетот е 460 квадратни метри и располага со 3 каси. Во тој маркет има 11 вработени и асортиман со околу 9.000 производи.
Од компанијата порачуваат дека со новите отворања продолжуваат да ја реализираат мисијата да обезбедат модерно, практично и пријатно пазарење за секое семејство.